Војни во воздухот – Ќе стивне ли светот?

25.02.2022

Две години војната со Ковид 19 на глобално ниво ни го искреира животот, ни ги смени мислите, чуствата, приоритетите и веќе нестрпливо чекаме да пројде. Велевме “од Бог е, да го научи човештвото на нови, многу потребни лекции“. Да не научи како повеќе да се цениме и сакаме, да се свртиме кон домот, семејството, да ги негуваме заборавените вредности.

Од оваа перспектива не знам дали се случи тоа, но светот на некој начин се смени. Кој како успеа да се прилагоди да го прифати новото “нормално“, да се сврти кон себе си  и да се себеспознае?

Неделава ја означи датумот 22.02.2022 година (ден вторник) втор ден во неделата.Бевме преплавени со информации за новото време, нумеролозите, астролозите, астрономите, коучинг тренерите, прокламирајќи дека векот овој 21 според многумина ќе почне сега, ретка енергија која навестува стабилност. „Двојките значат стабилност “- надежта е тука.

И само после два дена почеток на нова војна, Русија ја нападна Украина, потпиша независност на два нејзини дел кои се најблиску до Руската граница, Донетск и Луханс,  луѓето се во паника, обичното население во страв од нови опасности. Јасно е дека во војна страдаат најневините.

И не е само Русија-Украина , пред вратите на “нова војна“ е целиот свет, која преку портите на  НАТО, САД и ЕУ тропа со невидлива јачина. Русија утрово им забрани на Британците да го надлетуваат нејзиниот простор, понуди примирје кое очигледно на НАТО не им одговара а Украина се чувствува оставена. Не сакам да навлегувам во геостратегиските “оправданости “ или пак “осуди’ затоа што тоа не сум едноставно компетентна. Затоа сите информации ги примам “да знам што се случува“.

И утрово кога слушнав дека кај нас, има повеќе оздравени од Ковид 19 отколку заболени, што е Индекс показател дека на Пандемијата и го снемува здивот, не успеав да почуствувам радост, затоа што пак таму но и тука се надвиснува нова опасност, некоја нова туѓа војна која вознемирува.

А единствено нешто што сакам да пишувам е за културата, уметноста, убавото живеење и конечно радоста. И прашувам “Ќе стивне ли конечно светот“?

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.