ОД МОЈ АГОЛ: Slow love!

“Пожури полако” или некако во наш превод “Збрзни, полека!/внимателно” е популарна српска изрека која во два збора кажува сѐ.
Ако сакаш да ја завршиш некоја работа мора да е тоа сработено полека, односно прецизно. Се мисли, ако сакаш да ја завршиш квалитетно. Така е тоа со животот, со работата, со храната.
Светот некако многу вртоглаво брзаше и се случи нешто слично како на забрзан автомобил на кој му се излижаа гумите и сопре.
Брзиот начин на живот беше некој модерен тренд во кој сите уживавме, додека не стана пренапорно и пребрзо, до степен да не можеме  да се престигнеме самите себе си.
Време е да кажеме “стоп! ” за брзото к “повели” за бавното. Затоа што брзиот начин на живот уништува.
Тоа е случај и со брзата храна. Иако исхраната е култура на живеење и основа на квалитетно живеење, на прво место,, чнекако се јадеше од нога. Тие се навики кои сами си ги накалемивме и кои не доведоа до бројни здравствени нарушувања. Затоа што и самото здравје има два столба на кои се држи – храната и нервозата (ако ги исклучиме генетските предиспозиции на кои не можеме да влијаеме).
Токму затоа сега нештата се менуваат-се инсистира на бавна храна (подготвена по сите прописи кулинарски техники), а замислете тоа толку бавно оди што предводникот, новинарот и колумнист Карло Петрини ја постави оваа голема идеја во осумдесеттите години на минатиот век, а зема замав дури сега, 30 години подоцна. Тоа се реализираше и со саемот “Слоу фуд” Торино, Италија, која годинава се одржа по 14 пат.
Диригентот, Петрини, ја зема во раце спората палка, и ја предава на новиот и помлад директорот Еди Мукииби од Уганда.
Светот отиде чекор понатаму се инсистира и на Slow news, бавни вести, и проверени точни, се инсистира и на побавно темпо во музичката и филмската индустрија, на спора а не брза заработка, но исто и на бавна. Не брза мода, а тоа значи не како досега да нѐ обзема еуфорија од купување на големи и скапи марки, ами по едно, две парчиња во сезона, или во текот на годината, скромни и квалитетни.
Ха, веројатно време е и да се оди и на бавна љубов, за оние кои практикуваат брза досега. Врските за една или неколку ноќи или месеци, можеби би било убави  да бидат заменети со нешто поспоро, кое се вкусуваат голтка по голкта како вкусно вино, или залак по залак, како вкусна храна. И оној кој ќе го засакаш, долго да ти трае. Како Вам ви изгледа оваа идеја? Досега како да не е ставена на тапет, па еве се сетивда ја ставам. Само како идеја. Но, никако не инсистирам, инсистирам на Љубов, а кој секогаш и секаде, а кој како сака така нека нека си ја практикува, брза или бавна љубов. Посветена, вистинска, квалитетна. Јас гласам за бавна љубов. SLOW LOVE!
Во тоа смисла прекрасната Кајли Миног  одамна сними истоимена песна, чиј спот содржи бавни движења, но предизвикува брзи хемиски реакции.

Па, ајде да се потсетиме на овој убав спот, па да ја продолжиме дискусијата, се разбира, во побавен ритам.

 

Валентина Ѓоргиевска Парго,

Авторката е независен новинар и уредник на порталот “Куларт” 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.