ОД МОЈ АГОЛ: Перверзиите на една групи-грл!

78

Во 1970 година во режија на Дерек Форд и во главни улоги на Есме Џонс, Доналд Самптер и бендот Опал Батерфлај, излезе британскиот филм “Групи девојка”, со оригинален наслов “I Am a Groupie”. Филмот режисерот го напиша на база на раскажувањата на некогашната групи- девојка Сузан Мерсер. Филмот беше објавен во Америка во декември 1970 година и во Франција во 1973 година, со дополнителни с*кс сцени, насловен како “Макроата на перверзија”. Подоцна беше повторно издаден во Франција во 1974 година како “Жени гладни за мажи”, овој пат со хардкор инсерти.

Што значи, филмот за една досадна тинејџерка од провинција која сака да запознае рок ѕвезди, и смета дека за да го направи тоа најдобар начин е да стане групи, е базиран на вистинска сторија.

Девојката Сали, во тој филм тргнува на пат со рок бенд наречен Opal Butterfly, и наскоро открива дека да се биде придружба и на располагање на рок бенд не е толку гламурозно или возбудливо како што таа мислела дека ќе биде.

Ќе мора сѐ да искуси, и креветски искуства: и оргии и перверзии и дроги и болка и разочарување и омаловажување и самопотценување, сѐ. Се разбира дека на крајот ќе остане разочарана, затоа што во реалноста свет кој што замислиле групи девојките во нивните глави- не постои!

Кога кај нас би се снимал филм за некоја групи девојка од она што мене ми раскажувале, тој би бил многу “подрзок” и од оригиналот. На пример, да замислиме, девојка од провинција која станува групи, почнува да се забавува за една ноќ со рок момци, со пејачи, со радио-водители, со текстописци, со рапери и на крај смислува начин, за да биде поблиску до тој свет и самата се обидува да стане новинарка и да пишува за нив, оди на интервју со еден од нив и на првата средба насамо, наместо на интервју, завршува во кревет. За да е групи-иронијата поголема завршува и со стомакот до заби.

Верувам секако дека ова ви изгледа многу перверзно, надреално и како од “зона на самракот”, затоа девојка што да заврши толку лесно во кревет и толку лесно да ја спушти својата долна облека, не е едноставно- значи дека тоа е длабоко вкоренето во нејзината глава и станато нешто сосема обично, бидејќи женската гордост не ти дава сепак ни да помислиш на такво нешто, а тоа новинарка не може да се нарече. Такво лудачки брзо завршување во кревет е лесно само кај продавачките на своето тело. А кај машкото освен ако е под влијание на хипноза или на дроги, колку и да е напален и загорен.

Од друга страна, не може да стане збор за новинарка, бидејќи замислете каков е тој пристап кон својата професија- с*кс на работно место?! На не е ни за во филм. Толкава непринципиелност, несериозност и погазување на принципите на професијата. Згора на тоа и телесен контакт и без заштита.

Се надевам ваков филм кај нас нема да се сними. Затоа што ова што го напишав е многу нереално незрело дури и за во филм. Нека не се сними, па дури и ако на некоја групи ѝ се случи(ло), и нека не иницира други девојки да текнуваат по тие патишта.

Затоа што филмовите треба да подучат на подобро, а не да ја намалат женската вредност и да ја направат лесноумна и толку лесно пристапна и достапна.

Но, да, ќе ви шепнам во доверба и ова- млада новинарка- практикантка, ми се пофали дека на интервју со познат рапер, занесена дека е со славен лик за неа, завршила со страствено бакнување. На француски начин.

-Не е добро, ѝ реков, и не смее, па дури и да е Бред Пит лично. Може секако, но кога вие двајцата би се договориле на приватна средба и доколку почнете љубовна врска, но на работно место, за време на интервју, телесен контакт со соговорникот не смее!

Тогаш, своевремено, ми се налути за овој совет, беше млада и неискусна. Сега, откако поминаа толку години и таа работи во друга сфера, сигурно и самата таа ја сфатила својата грешка и непристојност.

Но, ајде да се потсетиме уште еднаш која е основата и целта на секоја групи грл, со кликање на првиот дел од ова мое објаснување, на оваа тема која е присутна во естрадните кругови, постои, но за неа досега не се проговорило јавно. Ова е прв пат и ова е кршење на мразот, а девојките кои имаат да кажат нешто на оваа неславно- славна тема во иднина повеќе би ги отвориле своите карти, за да ја прикажат темната страна на тој свет, кој рековме, освен во нивните глави, не постои на други место. Тоа е илузија која завршува по првото завршување во спалната соба…

 

Валентина Ѓоргиевска Парго

Новинар и уредник во КулАрт

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.