Летово за прв пат ми се случи пех, за кој жалам. И кој мислев им се случува само на другите луѓе.
Онаа вечер влегувам во Сули ан, со задоцнување, концертот беше почнал. Во основа не беше моја грешка, градскиот превоз доцнеше цел час, а тргнав навреме за да стигнам навреме. Бидејќи, пред сѐ, имам голем респект кон Скопски лето, поради сѐ она досега што ми го понудил како лепеза од прекрасни збиднувања и настани.
Влегов и тивко застанав до ѕидот во полумракот. Fame s на чело со диригентот од УСА веќе беа “во длабокото” на својата убавина. А публиката во преполното гледалиште, онемена и слушаше без да трепне .
Директорот на Скопско лето со сета своја култура станува од своето столче и ми го носи за јас да седнам.
Седнувам, и здивнав. И тука следуваше драмската тензија- само што ги извадив двата мобилни за веднаш да почнам да снима, затоа што знам нема да видам ниедна снимка од концертот, едниот мобилен почна да свири, и едно десеттина секунди не можев да го запрам. Што беше доволно да се вознемират луѓето околу мене и да ме опоменат, иако звукот од концертот го покри и не проби до публиката.
Не знам што се случи, секогаш ми е секогаш исклучен….Баш ми е жал. Многу се бунам против такво нарушување на концерти, не е културно… Но ете, и мене ми дојде ред да го сторам тоа што не сакав.
Сепак, не ми го уништи чувството на уживање од маестралниот концерт, но фрли вечерна тага во мене од моето однесување и одговорност како посетителка.
Крајот на концертот го дочекав на истото место кога веќе светлата згаснаа и во таа полутемнина само забележав дека диригентот откако се поклона, дојде тука и застана од страна, чекајќи да се врати за бис.
Станав и му ги покажав морниците кои ја наежија и мојата кожа на рацете.
Тој ме гушна и се фотографиравме за спомен. Тргнав низ врата да си заминам, но се вратив кога забележав голема толпа пред сцената, поточно пред местото каде настапуваше, кои сакаа да се фотографираат со него, а за фотографија стрпливо чекаа и самите виолинистки и виолинисти на кои до пред малку им диригираше. Со видни симпатии кон него.
До харизматичниот диригент дојдов и јас по некои 15 минути, малку и со проекции прекунр д дека се запознавме пред малку, и успеав да му земам куса изјава затоа што сега и којзнае кога пак ваков човек ќе гостува во Македонија. Еве што ми рече:
-Пресреќен сум. Затоа што беше феноменално. Цела недела помината со млади луѓе, снимавме, студиравме, изведувме. Fame s институтот од Скопје мислам дека е богатство, национално богатство за Македонија.
На диригентот му реков дека морам да го ослободам за фотографирање, тој е славен колку Елвис Присли, штом толку многу луѓе сакаа да се фотографираат со него, но тој се насмеа повеќе го гледаат како Брус Вилис и вети дека ќе се врати.
– Сакам да се вратам апсолутно.Сум патувал низ целиот свет и никогаш не сум видел вакво место. Толку многу го сакам, толку многу го сакам. Феноменално е и луѓето исто така е прекрасни…
Скот Флавин е неговото име, музичар со сестрана кариера и диригира со различни оркестри во САД и ЕУ. Неодамна е назначен за постојан диригент за престижниот оркестар Symphony of the Americas. Тој е и постојан диригент на оркестарот на Хенри Манцини институтот и настапува со повеќе уметници. Професор е на Eastern Music Festival, каде што предава заедно со познатиот диригент Џерард Шварц.
Но, покрај големото задоволство од овој концерт како и неколкуте други кои се случија на Скопско лето, со светски уметници кои еднаш и којзнае кога и дали пак ќе дојдат, не може да не се осврнеме и на главниот пех.
Тоа што овие концерти се како ексклузива само за ограничениот број на посетители кои ги прима просторот, е пропуст. Ноќта откако ќе се изгаснат рефлекторите, сѐ завршува тука засекогаш.
Запис и снимка нема, а колку би било убаво да се снимаат ваквите настани па да се прикажат на телевизија, за освен содржини со строго локален предзнак, ете одвреме навреме да погледнеме и нешто што надминува граниџи и подигнува критериуми. Нештата кои оставаат трага, а запис нема. Да се остави запис кој сѐ гостувал во земјава, а и какви прекрасни млади уметници имаме (во случајов со Fame s).
Вечерва, 31 јули, се затвора Скопско лето 2024 година, во Сули со завршниот концерт од кампот “Етно Македонија 24’“ на кој ќе учествуваат уметници од повеќе земји.
И тој концерти повеќе од сигурна сум дека нема да се снима. Како и сите претходни и прекрасните содржини, кои никогаш повеќе нема да имаме можност да ги видиме, макар и во телевизиска форма.
Единствено што можеме да се радуваме, доколку сме биле на тие концерти е што ќе ни останат само во вечно сеќавање- сеќавање на нивната маестралност, но и на чудесниот диригент од големоит свет …
Валентина Ѓоргиевска Парго, уредничка во Куларт