Зад десруктивната желба да се уништи и сруши се, стојат обично поединци или групи кој својот личен комплекс, дојдени на позиција на која треба или мислат дека треба само тие да одлучуваат, не им е предизвик да изградат нешто ново ,да создадат туку напротив да го срушат постојното без идејност како понатаму.
За жал секојдневно сме сведоци на вакви потези од актуелната власт во Градот Скопје , и отворените закани дека : „Нема да си одат од челните позиции додека не срушат се што е поврзано со Скопје 2014-та“,а богами посегнаа и по оние другите !
Парадоксот да е поголем тоа се тие исти шарени револуционери , гласните гушачи на Градскиот трговски центар, кои евидентно е дека едвај дочекаа да дојдат на „власт“ и се да срушат.
На удар овој пат Скопскиот симбол и паметник нашата Универзална сала. Салата како центар за култура, музика е изградена во постземјотресно Скопје како донација на Романската влада за граѓаните на Скопје. Оттаму таа им припаѓана граѓаните а не на поедини политички структури кои својот личен комплекс го рефлктираат преку деструктивно рушење на она што не е нивно!
Од најмладите децата преку нивното Златно славејче , па потоа низа други фестивали Поточиња, Тинс фестивал…многу Новогодишни престави,многу радости со Дедо Мраз, театарски претстави,концерти се беше врзано со културниот и забавниот живот на Скопјани како симбол на градот беше врзано за Универзална сала.
И не само на Скопјани. По Универзална сала не препознаваат сеуште во цел регион. Во време на Југославија да се настапува во оваа сала беше престиж занајголемите ѕвезди на Југословенско но и светско ниво. На сцената Универзална за време на изданијата на Џез фестивалот пееја најзвучни светски имиња.
Градот живееше со Универзална, закоја за жал последниве пет години не се најде решение за нејзино реновирање и ставање повторно во функција
Властите,претходни , распишуваа тендери за Културен центар со некоја смешна јајцевидна форма и повеќе се сопнаа на името на Центарот отколку на реализацијата на истиот во правилна насока .
Сегашниве со деновиве смешен објавен тендер Отворена сцена и парк. Да се руши грандиозен објект и да се прави отворена сцена и парк ,наместо тоа да се направи во Градскиот парк е повеќе од смешно.
Сега граѓаните на Скопје се на потег.
Да(не гушкаме) тоа има лош призвук, туку да ја ОДБРАНИМЕ УНИВЕРЗАЛНА САЛА од деструктивниот налет на поединците и групи на кои граѓаните не им дадоа право да располагаат со нешто што не е нивно туку припаѓа на НАРОДОТ.
И после се истиот заклучок! За жал , во секое поле на секој чекор во Македонија е многу ТАЖНО!