Пишува М-р Татјана Гогоска
Ретко ме поттикнува нешто убаво речиси и беспрекорно нешто да напишам. Овој пат тоа е годинешново издание на Јуниорскиот Евросонг 2024 година, накратко Детската Евровизија. Се одржа по 20-ти пат во Мадрид во организација на Шпанската радио телевизија (RTVE), која покажа како се работи со и за деца и млади.
Она што ме радува е што по скоро и деценија, откако Детската Евровизија ги загуби своите почетни постулати и начела и барајќи некој совршен модел како што ЕБУ знае тоа да го прави, се отиде во спротивен правец од првобитната замисла. Но, во саботата на 16 ноември , сите што се фанови на оваа манифестација низ Европа навистина уживаа во одлично шоу со деца и млади во секоја смисла. Прекрасна сценографија, детска а светска, прекрасен амбиент и најважно прекрасна музика со одлични вокали од целата Европа. Овој пат песните беа нависитна песни за деца и млади, и музички и содржински а децата со стајлинг, онака како што треба да бидат. Организаторот се потрудил во видео презентациите да направи и содржински и визуелен колаж, кој навистина е за почит на професионалците од RTVE -Мадрид.
За победникот со волшебен вокал Андрија Путкараџе од Грузија и неговата одлична песна To My Mom. Ова е четврта победа на Грузија на Детската Евровизија и е повеќе од очигледно дека со талентираните деца во оваа држава, солидно се работи и се вложува во нив.
И за крај за да нема забуни : Јас бев иницијатор за децата од Македонија бидат дел од ова Европско шоу во 2002 година и откао не примија, бев во ЕБУ-Женева и сум потписник на нашето учество на Junior Eurovision Song Contest. Во едно интервју додека бевме во Женева, ме прашаа: “Зошто сум ја пријавила МРТ?, ако се земе предвид дека бевме само 10 години одвоени од системот на ЈРТ, јас одговорив :Затоа што децата и младите на Македонија, тоа го заслужуваат. И сега го мислам истото. На децата им треба ветар во грб и стабилна професионална поддршка за да бидат на врвот на Детската Евровизија кој го заслужуваат. Бев во Букурешт, како гостин, и Шеф на Делегација на првата Детска Евровизија во Копенхаген и на онаа најуспешната во Ротердам 2007-ма. На децата им се вратите отворени, останува поодговорен однос на возрасните за да бидат на врвот со најуспешните.
Едно останува како товар на децата за жал, тогаш настапуваа како FYROM сега како Северна? А децата секогаш се претставуваат од Македонија.