Една од најнегативните навики која преминува во научена негативна емоција кај нашиот човек е да ЧЕКА. Никој и никогаш не чекал толку, како луѓето овде, на нашево парче Македонска земја.
Низ векови, низ децении и години, навикнат е нашиот народ да чека. Ајде да се вратиме барем три века наназад, а тоа се ни помалку ни повеќе околу 300 години.
Чекаше народот македонски да може да зборува на својот мајчин јазик-македонски јасно и јавно, наместо да се крие, чекаше народот, да се вмрежат силите за да се избори за свои училишта, свои институции, чекаше народот да се ослободи од сите присутни непријатели кои се менуваа, од ропствата вековни, па да дојде на степен каде почна да чека да се случи Македонската литературна и културна преродба. И после сите децении чекање додека други му ја кроеа судбината и “капата“ под која ќе живе, додека го распарчуваа, парчето земја МАКЕДОНСКА, народот ЧЕКАШЕ и велеше : „Трпение-Спасение , ќе дојде и тоа време“. Додуша меѓу народот имаше и оние кои не чекаа, револуционерите се бореа, преродбениците образуваа и оставаа македонски траги низ историјата.
Но, генерално НАРОДОТ ЧЕКАШЕ!
И, се чинеше дека се извојува борбата за слобода, за независна држава Република Македонија, за да може да се отворат училишта, културни, научни институции, да се СЛУЧИ ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА, во која македонскиот народ беше слободен и достоинствен и изгледаше дека конечно ДОЧЕКА.
Но, наместо она што беше направено да се развива, да се усовршува, да се живее, за жал НАРОДОТ го донесоа во состојба во која повторно мора или самиот одбира да ЧЕКА. Така 30 години од целосното осамостојување и живот во независна држава Македонија , почна да чека повторно. Чекаше да го признае светот под Уставно име, чекаше да влезе како држава и народ во светските организации, чекаше да биде ПРИЗНАТ ……трпеливо чекаше.
Се појави и налудничавата потреба на политиканската власт во Македонија да станеме членка на ЕУ и НАТО И ПОВТОРНО го ставија народот во состојба на чекање. И чека народот! Некој заблуден, некој изнемоштен , некој понижен, некој огорчен но, сепак чека. Да влезе во ЕУ каде наводно тече мед и млеко и преку ноќ ќе се ослободат од мизериите до кои ги доведоа токму тие власти.
Е, од пред два месеци, Македонскиот народ е ставен на ново ЧЕКАЊЕ-ЧЕКА ВАКЦИНИ, против вирусот Ковид 19 после една година откако светот па и ние сме во состојба на пандемија. И додека сите набавуваат вакцини, некои земји дури многу повеќе од потребното, нашите излажани или подобро кажано лажни политичари го оставија народот без избор и можност да се вакцинира. Додека сонот од ветените земји на ЕУ , од непознати причини сеуште не им исчезнува , вакцини како добра воља добивме само од Србија и Русија.
И додека ние си чекаме, медиумите преплавени со вест од Русија и Кина во која стои: „Владите на Русија и на Кина, во присуство на претставниците на државните вселенски агенции, потпишале договор за изградба на нова заедничка вселенска станица на Месечината, а во проектот ќе може да учестуваат и други заинтересирани држави.
Како што пренесуваат медиумите, директорот на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин, и шефот на кинеската Национална вселенска агенција (CNSA), Жанг Кеџијан, го потпишале меморандимот за развој на истажувачки објекти на површината на Месечината, во орбитата или заедно.
Договорот е потпишан во годината кога Русија се подготвува за одбележување на 60-годишнината од својот прв веселнски лет со човечки екипаж.
Чен Лан, аналитичар специјализиран за кинеската вселенска програма, за AFP рекол дека проектот е „извонредно значаен“, бидејќи за Кина претставува најголемиот проект за меѓународна вселенска соработка .„Соработка меѓу Роскосмос и CNSA ќе придонесе за јакнење во интеракцијата на научните истражувања и користењето на вселенскиот простор во мирољубиви цели во полза не целото човештво“, се истакнува во неговото соопштението.
Ова не е прв вселенски проект во кој заедно учестуваат Русија и Кина. Двете земји претходно потпишаа неколку договори кои се однесуваат на истражувања на Месечината и во Вселената.
Компанијата за изградба во вселената “The Gateway Foundation” споделила кратко видео за визијата како хотелот ќе изгледа.
Планирани се луксузни спални соби со поглед на Земјата, ресторани, теретани, па дури и простор во кој гостите ќе можат да уживаат во концерти.
Би можело да се каже дека изградбата на хотелот кој засега го носи името “Voyager Station”, е идеја надвор од овој свет.
Компанијата за изградба во вселената “The Gateway Foundation” споделила кратко видео за визијата како ќе изгледа нивниот хотел.
И така светот оди по патеката на иднината, додека ние и тука сеуште си ЧЕКАМЕ!
М-р Татјана Гогоска