Др. Сенад Арслан: Горчината на “фичо приказната” да потони длабоко во заборавот!

Постојат низа општоприфатени пишани и непишни правила и норми на однесување во едно општество. Тие се основната супстанција која го гради системот на вредности во една држава. Нормалните земји создале вредносен систем што почива на семејна, социјална и духовна култура. Во таквите општества правите луѓе се на вистинските места, а резултатот не е само национален прогрес, туку и севкупен цивилизациски развој на човештвото.
За разлика од тие земји, во Македонија имаме хаотичен и недефиниран вредносен систем. Уште пострашно, имаме 30 годишна континуирана морална ерозија. Форсирањето полуписмени ликови, самопрогласени инфлуенсери и некаквиси јутубери стана наша патолошката нормалност. Мотивациони говори нѝ држат “Од секоја врба, кавал не бива”-ликови, а се маргинализира конструктивната мисла на академските авторитети. До израз се повеќе доаѓаат лица без никаква емоционална интелигенцијата, а во херои на младината прераснуваат оние кои светот треба да го гледат зад решетки.
Затоа германците ќе се угледат на Бетовен, Гете, Хегел, французите на Декарт, Дидро, Иго, русите на Толстој, Менделеев, Чајковски, а ние ќе се труеме со оние кои воопшто не се ни достојни за спомнување.
Ако Македонија сака горчината на “фичо приказната” да потони длабоко во заборавот, од медумскиот простор треба да ги лиши сите ликови оперирани од емпатија и сите криминалци кои уништиле илјадници човечки судбини.
Ако Македонија сака да изгради здраво и зрело општество, неопходно е да ја стимулира младината да се угледи на нашите великани Тоше, Трпчески, Чадловска, Бојаџи, Трстена, Пандев.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.