Балетското дело во два чина „Госпоѓа Бовари“ на 18 ноември во 20.00 часот на...
На 18 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се
изведе балетот „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од
безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу
копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна
и денес.
Диригент на изведбата е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата ја
потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизен и суптилен современ израз го доловува
духот на 19 век и емотивната комплексност на главниот лик. Музичката подлога е составена од
дела на Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Жил Масне, Феликс Менделсон и Георг Фридрих
Хендл, со сценографија и костимографија на Андреј Злобин и Гана Ипатиева (Украина).
Светло-дизајнот е на Милчо Александров, концерт-мајстор е Климент Тодороски, пијанист –
Андреја Наунов, а менаџер на проектот е Киро Павлов.
Во главната улога на Ема Бовари ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска,
во улогата на Шарл Бовари, Франциско Хименез Руиз и Балаж Лочеи како Рудолф Буланже,
заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
„Госпоѓа Бовари“ ја претставува сложената психологија на главниот лик преку балет, музика и
сценска уметност. Со внимателно избрани музички партитури и динамична кореографија,
постановката ја доловува борбата на Ема Бовари меѓу личните желби и општествените
ограничувања. Секоја сцена е внимателно дизајнирана да ја истакне емоционалната
длабочина, визуелниот сјај и современиот пристап кон класичната приказна, создавајќи
незаборавно сценско искуство.
Филмот „Ритам на животот“, на Филмскиот фестивал во Солун доби три награди
Долгометражниот филм „Ритам на животот“, e соработката на продукциски куќи од неколку земји, меѓу кои и „Круг филм“ . Тој на 66 Филмски фестивал...
„Мајка“ на Теона Митевска награден на филмски фестивал во Токио
Филмот „Мајка“ на македонската режисерка Теона Стругар Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, ја освои наградата за уметнички придонес на 38. Меѓународен филмски...
„Ифигенија за ништо“ – триумф на фестивалот на античка драма ИФАД „Стоби 2025“
Драмски театар Скопје со претставата „Ифигенија за ништо“ триумфираше на 22. издание на интернационалниот фестивал на античка драма ИФАД „Стоби 2025“ со три награди:...
Од утре започнуваат студентските средби СКОМРАХИ
Традиционалните студентски средби „Скомрахи”, од утре (5) па се до сабота (8), ќе се одржат на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) - Скопје со...
Фестивал „Стоби 2025“ – Драмски со претставата „Ифигенија за ништо“
На големата сцена на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, вечерва во 20 часот, во рамките на 22. Интернационален фестивал на античка...
Tанцов викенд на сцената на МОБ, со млади танчери од 12 држави
На 8 ноември (сабота), од 9 до 22 часот, над 1600 деца и млади танчери од 12 држави,ќе настапат на сцената на Националната опера...
Фестивал на современа македонска книжевност во Македонскиот КИЦ во Загреб
Од 05 ноември во 07 ноември 2025 година, во Македонскиот КИЦ во Загреб, Хрватска, ќе се одржи првото издание на Фестивалот на современа македонска...
ОБЈАВЕНА РОМАНОТ „ЗА МАЈКИТЕ СЀ НАЈДОБРО“ НА ХРВАТСКАТА ПИСАТЕЛКА САЊА ПИЛИЌ
„Македоника литера“ неодамна го објави романот за млади „За мајките сè најдобро“ на познатата и најчитаната хрватска писателка за деца Сања Пилиќ. Ова е...
„ПРОМУЗИКА“ со водечкиот оперски драмски сопран во Македонија, Весна Ѓиновска Илкова
Концерт „ПРОМУЗИКА“ со водечкиот оперски драмски сопран во МакедонијаВесна Ѓиновска Илкова во Офицерски дом - КИЦ Битола, во пијано придружба на Кристина Светиева.
Концертот ќе се...





































