СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ: Им даваме шанса на поетите секој да си ја претстави љубовта на свој начин!

Две лета по ред се одржува поетската онлајн манифестација “Сплоти се Македонијо”, со конкурс кој трае до Втори август, Илинден, и со објавување на резултатите на 27 август, на Света Богородица. Симе Младеновски автор и извршен продуцент на “Лица и дела”, емисија под чие лого се одвива оваа манифестација, најавува и трета, ова лето господово.
“Сплоти се Македонијо”, поетска онлајн манифестација, која под свој крило ги стави поетите кои сакаа да творат на две теми – љубовта кон татковината, љубовта кон сѐ друго. Како сте задоволни кога ќе ги сумирате резултатите од двете изданија досега, во 2020 и 2021?
-“Сплоти се Македонијо” спонтано излезе можеби поради што на некој начин сакавме да бидеме различни од другите поетски манифестации и на некој начин остави печат во Македонија и светот каде живеат многу Македонци, имавме идеја и ја спроведовме и излезе многу успешна. Имавме две теми: една многу специфична тема која на некој начин сите нас нѐ претсвува и ни претставува гордост, и една универзална тема љубов. Премногу сме задоволни, одзивот беше многу голем, беа пријавени од цел свет во огромна бројка и ние бевме многу изненадени и тоа многу нѐ радува. Секако и оваа година продолжуваме и очекуваме масовност и се надевам дека оваа година нема да имаме лобирања за награди, бидејќи одговорно тврдам дека сето тоа е отфрлено и да победат најдобрите. Се надеваме дека и оваа година ќе бидеме добри организатори и дека ќе имаме огромна работа која нѝ причинува задоволство.
*Првата година манифестацијата тргна би рекла “скромно” поради самите услови, пандемски, и се одважија грст поети на различна возраста од 8 до 88, да напишат песна за Македонија, која всушност беше и тема таа година. Истите беа објавени и во зборник. Сега, од оваа гледна точка, што беше предизвик да се отпочне со таква манифестација, дури и во такви услови?
-Да првата година беше почеток и сепак беше скромно, но голем беше одзивот, нѐ радуваше пред сѐ големата бројка и тоа што беа пријавени многу поети насекаде од светот. Нашата идеја е да се сплотиме а ова е најдобар начин преку поезија да учествуваат од 7 до 77 да има квалитетна поезија да бидат опфатени сите возрасти и најдобрите да бидат наградени. Направивме еден убав зборник во кој се опфатени сите оние што ги избравме од две години, предизвик беше љубовта кон татковината само таа ја имаме и мораме да ја чуваме. Да си подадеме рака еден на друг да се сплоти ме, оптимизмот секогаш да го имаме и кога никогаш не веруваме во чуда и најмалку очекуваме можеби ќе ни се случи невозможното.


*“Љубов”, под ова мото и тематска определба поетите твореа минатата година. На каква љубов најмногу се задржаа во своите творби? Колку на број песни беа напишани
-Многу песни пристигнаа секој на свој начин си ја претстави љубовта која е универзална и најмоќното оружје на човекот без која не се може, бидејќи таа е најјака и е двигател на човекот, ноторна сила. Поетите беа многу креативни вредни и секој на свој начин си ја претстави љубовта како му се случила и како ја замислува бидејќи тоа е најмоќната енергија која струи насекаде низ човековото тело. Можам да кажам изненадувачки е сето тоа можеби и темата им се погоди и затоа пристигнаа огромен број на песни.
*Оваа година повторно се подготвува Вашата манифестација “Сплоти се Македонијо”? Што ќе биде инспирација-водилка, ќе имаат ли пишувачите повеќе слобода во избор на темите за пишување или Вие како организатор повторно ќе ги насочите со Вашиот тематски концепт?
-Секоја година ние организаторот имаме концепт и тема, бидејќи сметаме дека треба да насочиме и да дадеме мотив да бидат креативни инспиративни. Секоја тема е битна се надеваме дека и оваа година ќе ја погодиме темата и одзивот ќе биде огромен, па и затоа се бориме за нашата успешност бидејќи верувајте огромна работа е тоа за жирито. Слобода ќе има секако, но тема ќе има сигурно ние истражуваме па тогаш правиме концепт за кој сметаме дека ќе ги насочи поетите да ја погодат темата.
*Да се зборува, пишува и твори за мирот е насушна потреба, особено сега. Што ќе речете Вие, треба ли тоа да биде лајт мотив, барем сега, и за сите пишувачи, независно дали се учесници на натпревари или не? Да се пишува, да не се биде пасивен, да се даде до знаење дека светот го создава и чува само позитивната креација а не деструктивноста…
-Па секако треба да биде мотив мирот пред сѐ е голема работа голема тежина и нема поубаво нешто од мирот кој сите ние сакаме да го има во светот тоа е огромна позитивност. Не откриваме за темата, но можеби и оваа тема или слична ќе биде тема на некоја од нашите наредни манифестации. Светот, не разбирам, воопшто зошто на некои места завојува, што ќе се постигне од тоа? Ништо, само уништување, зар не подобро во светот да завладее мир кога имаш мир се ти оди и сѐ се исполнува во сите сфери.

*Дел од поетите кои учествуваа на “Сплоти се Македонијо” ги видовме во емисијата “Лица и дела” на ТВ Сонце, на која Вие сте продуцент а Вашата сопруга Мери Тодоровска Младеновска е авторка и водителка. Според нивното расположение, оваа манифестација, која се одвиваше и во дијаспората, за нив значеше ли нова визија и отворање на нов неопходен простор за истакнување на своите творби? Имаат ли поетите сугестии за новите изданија на поетскиот натпревар или сакаат да остане токму вака како што е замислен?
-Да, една од наградите беше афирмација на добитникот во бренд емисијата “Лица и дела” која е многу гледана во Македонија и во дијаспората тоа е отворање пат за успех на поетот тука може да се истакнат со своите дела и да ги презентираат насекаде низ светот тоа е огромна реклама за самиот поет. Инаку “Лица и дела” постои за народот и одлично е прифатена, целта на една емисија е да ја сака и прифати народот тоа е најголемиот успех. Добитниците беа дел од емисијата и пред сѐ ние што ветивме исполнивме, но македонскиот синдром е завист, љубомора суетност, за жал, но сепак мора да се оди напред. “Лица и дела” е секогаш отворена за соработка и сѐ следи со будно око, а она што тимот смета дека е квалитет го зема. Пред сѐ многу внимаваме на гостите кои гостуваат, ние постоиме за народот.
*Покрај Вашите редовни и препознатливи активности, Вие сте менаџер и на сопругата Мери, која освен што се занимава со водителството, уметност и пишаниот збор, се занимава и со поп музика. Со бендот “Акарма”, уште во времето на карантинот најавија албум. За крај на оваа средба, кажете ни кога да го очекуваме албумот што ќе содржи, а и на кој јазик ќе се пее, со оглед на тоа што бендот е од соседна Србија?
– Сѐ се работи со љубов и со трпение така да пред сѐ тоа се големи одговорни работи кои внимателно треба да се работат. Што се однесува до бендот, “Акарма” веќе направи една песна која веќе се врти по радијата полека се работи на спот, но секако и се работи на албум за “Акарма”, но сепак сето тоа оди чекор по чекор и внимателно се работи. Ќе има песни на англиски јазик, на српски, на македонски сепак за тоа одлучуват композиторите за сето тоа јас како нивни менаџер можам да кажам дека ќе бидат врв и мислам набрзо ќе направат бум, имаат одличен вокал Мери, сите тие се искусни музичари а тука нема утка. “Акарма” наскоро ќе биде многу популарна група а албумот се работи, сметам ќе биде набрзо.


Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.