Хит на неделата – „Јаворе“- Викторија Чочороска

Во јавноста ново музичко име, младата и талентирана Вокторија Чочороска .

Со гордост од КУД „Дримкол“ Вевчани потенцираат дека Викторија  пред 15 години започнала како играорка во детскиот фолклорен ансамбал, подоцна продолжила да пее соло изведби на концертите на друштвото, а денес е пејач и координатор на пејачката група ,,Каданка”.

„Таа е активен член во КУД Дримкол  и ден денеска, но, еве, после нејзината промоција сакаме и ние јавно да и ЧЕСТИТАМЕ и искрено од срце да и кажеме- Вики, биди жива, здрава, насмејана и секогаш распејана, среќни и горди сме што си дел од ова наше здружение “- институција која на Македонија и подарува прекрасен уметник, професионалец и голем човек како тебе…“ Едноставно Дримкол е горд на Викторија.

Несомнено ново, свежо многу талентирано им,е се појави на македонската музичка сцена, која прв пат пошироката публика ја запозна на најновиот спот на групата Некст тајм во песната “Нешто ќе те питам бабо“ .

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.