Пристигна првиот дел од 13.000 брзи тестови за Ковид-19 кои ќе бидат бесплатни за граѓаните

    Во Министерството за здравство денска пристигнаа 3.000 тестови, дел од донацијата од 13.000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен Ковид-19.

    Останатиот дел од тестовите ќе бидат испорачани до среда, информираат од ресорното министерство.

    Овие брзи тестови се бесплатни за граѓаните, а истите ќе бидат распоредени низ 13 болници во државата, во Клиниката за инфективни болести во Скопје, болницата „8 Септември“, Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје, а ќе се користат за да се утврди дали пациентите со сомнителни симптоми се позитивни на Ковид-19.

    „Tоа се најнови тестови, најнова технологија, со тоа уште повеќе се зголемува капацитетот на сите државни лаборатории и тоа ќе стане и редовна пракса на тестирање“, најави претходно министерот Венко Филипче.

    Донацијата ја обезбедија ГД „Гранит“ и нафтената компанија „Галф оил Македонија“.

    куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.