Од Swing and Jazz во 2009 па до најголемите музички поп и рок хитови на најголемите музички легенди и концертот Legends, традиционалниот Василичарски концерт, прерасна во бренд, за кој секогаш се бара билет плус, и претставува доказ дека домашната публика е жедна за музички спектакли и концерти, додека за ансамблот на МОБ една убава можност да се претстават пред јавноста надвор од класиката.
Со нов симфониски аранжман, под диригентската палка на Бисера Чадловска, во придружба на оркестарот на операта и балетот, во изведба на солисти на МОБ, легендарните музички хитови на Мајкл Џексон, Тина Тарнер, Стинг, Квин и многу други, ќе го одбележат овогодишниот Василичарски концерт.
Со Василичарскиот концерт МОБ ја отвара новата сезона. Според интересот и рекордно брзо распродадените два Василичарски концерти за 12 и 13т -и јануари, оваа година ќе биде навистина успешна за операта и балетот.