„Малиот принц“- Буквар во секое семејство

Книгата “Малиот принц” означува со децении многу детства, но  зошто треба да е Буквар на секое семејство ќе го објасниме со  неколку  моќни цитати на авторот Антоан Сент Егзипери, за кого ова е  животно дело, дефинитивно безвременско и моќно.

Егзипери како водич во „Малиот принц“ ги дава следниве насоки:

  1. Секој треба да го бара од другите, само она што може да го даде.
  2. Човекот никогаш не е по своја волја, каде и да е.
  3. Говорот е извор на сите недоразбирања.
  4. Човекот е осамен и меѓу луѓето.
  5. Морам да се справам со две или три песни ако сакам да ја запознаам пеперугата.
  6. Децата мора да им простат на многу возрасни.
  7. Образованите луѓе секогаш слушаат само пофалби.
  8. Само децата знаат што бараат.
  9. Многу е потешко да си судиш себеси отколку другите. Ако успееш добро да си судиш, ти си вистински мудрец.
  10. Човек доброто го  гледа само своето срце. Она е најважно иако е невидливо

И, ако почнеме секој негов цитат да анализираме, самите ќе дојдеме до заклучокот зошто „Малиот принц„ треба да го прочитаат сите возрасни, посебно кога ќе станат родители и да им го читаат и препорачуваат на своите деца.

На пример мислата “Децата треба многу да им простат на возрасните“ е тема за размиислување. Навлегувајќи во чистотата на детската душа и ум, тие ги гледаат возрасните низ својата чиста емотивна призма и гледаат колку возрасните се опседнати со емотивен набој и непотребни принципи.

„Само децата знаат што бараат“ -Зошто Егзепери вели вака? Затоа што децата го бараат тоа што им е најпотребно во моментот и во својот период на растење тоа е постојаната безрезервна љубов и грижа од своите родители. Возрасните бараат и очекуваат од другите и светот многу повеќе од она што навистина им треба.

Големиот писател вели: „Многу е потешко да си судиш себеси отколку другите. Ако успееш добро да си судиш, ти си вистински мудрец“- ако ја повторите неколку пати оваа реченица ќе се втурнете на нејзиното вистинско значење и ќе сфатите колку има вистина во неа. Обично на сите ни е полесно да им судиме на другите, да ги бараме недостатоците кај другите а не кај себе. А кога ќе стигнеме со многу труд и љубов до точката, кога недостатоците ќе ги бараме кај себе, ние сме поблиску до надминување на сите пречки со околината .

Нешто за Егзипери:

На 31 јули 1944 година, во Втората светска војна, Антоан Сент Егзипери, авторот на безвременската книга “Малиот принц”, кој бил воен пилот, полетал од островот Корзика во воена извидувачка мисија, кон францускиот брег, во окупираната Германија во Втората светска војна и никогаш не се вратил.

Добил многу  искуство како пилот со поштенските летови преку Сахара, од Франција до Дакар, а подоцна и во Аргентина. Во тоа време почнал да пишува книги. Кога се обидувал да го пробие рекордот при брзината на летот помеѓу Франција и Виетнам, тој пропаднал во Египет, токму во пустината. Тој бил на работ на смртта, но последен пат  бил спасен од бедуин на камила.

 

Неговото дело  „Малиот принц“ е признато од страна на ООН како литература која е безвременска и многу корисна. Во некои држави е задолжителна лектира меѓу децата а преведена е на над 70 јазици. Во некои држави е воведена како задолжителен показател пред склучување на брак.

Ако ја спознаете  суштината на „Малиот принц“, ќе ја дознаете безвременската љубов на децата, семејството и се ќе ви биде полесно. Оттаму и нашиот став дека оваа книга треба да биде Буквар во секое семејство.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.