Вечерва во 20 часот, на големата сцена на Македонскиот народен театар ќе започне деветнаесетото издание на фестивалот Танц Фест 2023 под мотото „Танцувајќи создаваме иднина!“
По доделувањето на наградите, публиката ќе има можност да ја види претставата „Таленти во движење“ на Кодартс танцовата компанија од Ротердам, во чест на 30 години дипломатски односи помеѓу Холандија и земјава. Гостувањето на оваа извонредна компанија, со млади и несекојдневно талентирани танчери, е поддржано од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје и ќе ни донесе повеќе кореографии, од осум истакнати светски кроеографи, како Ед Вубе, Кит Рандолф, Рој Асаф, Андонис Фониадакис, Мациеј Кузмински, Јарек Чемерек, Лоранд Захар и Весел ван Острум. Со настапот на интернационалниот состав од осумнаест танчери на сцената, ќе можеме да уживаме во извонредната техника, софистицираност и експресивност која оваа претстава ја нуди, низ пејсажи на емотивен напој и креација.