На 14 мај во Младинскиот културен центар од 22 часот, ќе бидеме сведоци на концерт кој ќе донесе сурова енергија, моќни индустриски призвуци и интимни лирики. Концертите на американскиот врвен електронски бенд „BOY HARSHER” ги нарекуваат спектакли кои не смеат да се пропуштат, затоа што не носат напред во времето…
Оваа вечер ќе настапи и пост-индустрискиот музички проект базиран во Чикаго, САД – „HIDE”! Парот создава композиции-аудио колажи, користејќи комбинација од сопствени теренски снимки и аудио референци од поп-културата.
Официјалниот афтерпарти на овој настан ќе се оддржи во клубот „Минус еден” со диџеј сетови на Martchin и Andreas Hz од колективот BTKRSH.
Концертот е во организација на „ROTKO Books & Music“, а билетите се достапни во билетарницата на МКЦ и на следниот линк: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1023