Вчеравечер беше отворена изложбата „Мириса на пандишпан“, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите

    Маја Јаневска-Илиева

    Изложбата „Мириса на пандишпан – сефардската кујна на Евреите од Македонија од населувањето до денес“, на која се презентира храната, како дел од културното наследство на Евреите, вчеравечер пред бројна публика беше отворена во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите.

    Автор на изложбата е м-р Жаклина Мучева, која го претстави и тимот, со кој успеаjа да ја доближат кујната на Евреите на еден оригинален начин, до пошироката јавност .

    На отварањето на изложбата зборуваше Горан Садикаријо-главен извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија а за отворена  ја прогласи авторката М-р Жаклина Мучева.

    Изложбата е приказ за тоа што јаделе Евреите во минатото, што јадат во денешно време и  кои се нивните специфики во  традиционалните јадења на Евреите Сефарди. Начинот на кој се подготвуваат, нивното потекло и значење, ни дава приказ и за еврејската религиозна практика, историја и култура преку типичните јадења кои се послужуваат на еврејските празници.

    Ова е дел од нематерјалното  културно наследство на Евреите Сефарди а изложбата се отвори и во состав на  Меѓународниот ден на заштита на нематерјалното наследство од УНЕСКО, 17 октомври.

    На отворањето посетителите имаа единствена можност, да дегустираат дел од традиционалните јадења на македонските Евреи, кои ги подготвија членките од женската секција при Еврејската заедница.

    Во рамки на изложбата е изготвен Каталог-книга, која беше поделена на посетителите и е еден печатен корисен приказ за многу рецепти, како се подготвуваат и по кој повод.

    Изложбата ќе трае до 25.12.2024 година.

    Татјана Гогоска

    куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.