На 06.10.2020-вторник сите заинтересирани и пријавени на повикот за онлајн работилница ќе имаат четиричасовен онлајн тренинг со паузи помеѓу сесиите и работна задача по завршување на тренингот.
Во рамки на активностите на ЗНМ е и оваа работилница своевиден почетен курс за мобилно новинарство.Доколку сакаш да научиш повеќе трикови и техники на занаетот, сакаш да научиш како да креираш висококвалитетни новинарски приказни со твојот мобилен телефон со поддршка и под менторство на експертите на Томсон Медија, пријави се.
Придружи им се на Александар Манасиев и Кристина Озимец на бесплатната онлајн- работилница на Томсон Медија – Напреден курс по мобилно новинарство кој ќе се одржи од 6 до 10 октомври . Оваа онлајн-работилница, која ќе се организира во живо преку онлајн алатки, ќе ви овозможи да стекнете напредни вештини за мобилно новинарство кои практично ќе ги примените преку индивидуални и групни вежби со поддршка на нашите тренери и ментори.
На крајот на овој курс вие ќе бидете во можност да:
- Ги примените техниките за креирање моќни фотографии користејќи паметен телефон.
- Стекнете вештини за правење кратки видеа и фото-приказни користејќи паметен телефон.
- Создадете релевантна содржина која ќе ја ангажира публиката.
- Користите апликации за снимање и монтажа соодветни за IOS и / или андроид уреди.
- Препознаете различни формати потребни за различни социјални медиуми.
- Адаптирате материјал снимен на паметни телефони за различни социјални медиуми.
- Креирате содржина соодветна за гледање на паметни телефони.
- Употребете ги вештините за креирање на балансирана новинарска содржина.
Дали имате премногу обврски неделава? Без грижа: иако онлајн работилницата е предвидено да трае пет дена , дизајнирана е да можете да следите групни и индивидуални сесии, што значи дека вие ќе можете да продолжите со вашиот професионален ангажман или лични обврски и да ја следите работилницата во меѓувреме.