“ЗИЈАН” се враќа на сцената во МКЦ по 30 години!

Легендарниот бенд “Зијан”, кој последен пат настапи во МКЦ во раните 90-ти, пред цели 30 години, со гордост го најавува својот концерт на 7 ноември 2024 година.

Ова е ексклузивен настан кој ја слави нивната 42-годишна кариера и неверојатната енергија на оригиналниот состав кој и денес со иста страст ги изведува своите хитови.

Од победата на „Гитаријада“ во Зајечар до настапите со бендови како „ЕКВ“, „Партибрејкерс“, „Електрични оргазам“, “Зијан” останува важен дел од музичката историја на Македонија и регионот.

 

-Ова е ретка можност да се види и слушне цел оригинален состав во живо, затоа не ја пропуштајте оваа историска вечер!, стои во најавата на концертот.

Концерт кој ќе донесе задоволство не само за старите “старите рокери” кои ги уживале од тоа време туку и за некои нови генерации кои песните им ги научиле или допрва ги учат.

Датум кои вреди да се запише во вашиот нотес:

Датум: 7-ми ноември (четврток)

Локација: МКЦ Денсинг сала

Билети може да се купат онлајн на bileti.mkc.mk и на билетарата на МКЦ.

За настанот можете да прочитате и на фејсбук.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.