ЕКСКЛУЗИВНО: “Зијан” ќе имаат концерт во МКЦ!

На 7.11.2024 година, за само дваесеттина дена, на голема радост на бројните фанови, во МКЦ концерт ќе има легендарната група “Зијан”.
“Зијан” е македонска група, која се смета за фундамент на македонскиот рок.
“Зијан” е од градот Гевгелија.
Нивните почетоци датираат уште од 1978 година под името “Трета Смена“, кое наскоро го променуваат во “Зијан”.
Својот прв настап го имаат во 1981 година во Скопје како предгрупа на бендот “Видеосекс”. Победуваат на “Гитаријадата” во Заечар, со што успеваат да го снимат својот прв демо- албум во Белград.
Најзапаметена ќе остане нивната песна „Пушти коси“, која е класичен пример за вметнување на мотиви од фолклорното творештво во рок-музиката.

 

Со скромен репертоар се наметнаа како една од рок групите од врвот на македонскиот рок, а сите нивни песни носат големи содржини и отсликување на вистински чувства.
Добитници се на златна плакета од градот Гевгелија.

 

Жанрови
Рок, Рокенрол

Период на активност
1981 година до денес

 

Членови:
Ацо Митрев
Ице Ќорнаков
Коце Динев
Јане Динев

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.