Во рамки на Повикот за мониторирање на степенот на спроведување на изборните ветувања на политичките партии, Здружение за значење на еколошкото образование за осовременување на образовниот процес ЗЕОООП Скопје е избрано за реализација на проектот “До зголемена инклузија“.
Повикот и реализацијата на активноста се дел од проектот на Владата на Швајцарија „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија„ имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (МФИС).
Mодернизирани училишта со лифтови за пристап на лица со попреченост за секое училиште и зголемување на можностите за нивно активно вклучување во општеството- е едно од изборните ветувања на градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски со цел подобрување на условите на младите во делот н образование, рекреација и забава.
Во период од пет месеци здружението ЗЕОООП ќе го мониторира ова изборно ветување каде преку серија активности ќе се следи дали и во колкава мера градоначалникот го исполнува своето изборно ветување, но и да послужи како мерка за потсетување и притисок на градоначалникот за исполнување на дадените ветувања кои ќе ја подобрат состојбата во училиштата во таргетираната општината.
Јавноста во општина Аеродром ќе биде запозната и континуирано информирана за текот на исполнување на ова предизборно ветување кое беше зададено во програмата за работа на градоначалникот Тимчо Муцунски преку средствата за јавно информирање, социјалните медиуми и презентациите.