ЗЏМ ѝ одговори на Филхармонија 

Скопје, 10 Април 2023 година 
 
Здружение на џез музичари и слободни уметници– ЗЏМ Скопје се огласи во врска со ситуацијата која се вжешти меѓу нив и вработените во Филхармонија.
“Во контекст на едноставно објаснување на настаната ситуација, по одлуката објавена од
страна на Министерството за култура и Владата на Република Северна Македонија, сакаме
да појасниме неколку точки. Најпрво, би сакале да изразиме благодарност на одлуката на
Министерството и Владата за времено сместување на Оркестарот во просториите на
Филхармонија и воедно да се заблагодариме за огромната поддршка од колегите од
регионот и целата македонска јавност.
Нашата индивидуална соработка со членовите на Филхармонија е многу подолга, но со
биг бендот, конкретно во овие простории, ние работиме веќе 7 години и во овој период не
сме наишле на проблеми од било каква природа. За време на подготовките и пробите
никогаш не добивме забелешки дека овие активности на било каков начин ја попречуваат
работата на Филхармонија. Напротив, пробите се правеа тогаш кога во просториите,
поточно во една просторија, немаше други активности од оркестарот и ансамблите на
Филхармонија, или не беа користени за друг тип приватни настани.
Имено, во неформални разговори со колеги и пријатели од Филхармонија, доаѓаме до
сознанија дека можеби целиот концепт за нашето евентуално работење во зградата на
Филхармонија е погрешно претставен, па оттаму произлегуваат и сите неосновани реакции.
Тврдењата дека Оркестарот за џез музика брои 50-60 музичари се потполно погрешни.
Секој џез биг бенд ансамбл е составен од 17 – 20 музичари.
Тврдењето дека на музичарите од Филхармонија ќе ѝм бидат узурпирани гримиорните е
исто така неосновано. Можеме да гарантираме дека ова никогаш не било земено во
предвид, ниту пак некогаш ќе се случи.
Погрешно е и тврдењето дека ќе узурпираме простор во веќе постоечкиот дел на
административниот дел на зградата, затоа што тоа е невозможно да се случи и би ја
попречило и нашата работа. Одржувањето на пробите во зградата би се реализирало
исклучиво во малата или големата сала, во термините кога овие простории се слободни.
Концертите исто така би се случувале во денови кога Филхармонијата нема програма.
Ги даваме овие појаснувања со цел да помогнеме во тековниот процес, и да ја објасниме целата ситуација која изгледа дека е излезена од вистинскиот контекст, со надеж дека ќе следи процес на смирување на страстите помеѓу колегите и пријателите со кои работиме заедно долг временски период, а сакаме да продолжиме да соработуваме и во иднина.
Очекуваме министерството за култура да продолжи со активностите до конечно
оформување на институцијата, со цел поскоро започнување на нашата официјална
концертна дејност”, во својот допис напишаа тие.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.