Подолго време размислував дали да напишам збор, два за Куларт.мк и неговото петгодишно опстојување или не.
Сепак решив да напишам, водејќи се од онаа мисла: “Подобро да направиш нешто и да не успееш отколку да не направиш ништо“.
Пред пет години на 21 март 2019 година, со првите текстови, во етерот се појави Порталот куларт.мк. Единствена цел и идеја од која не отстапивме беше да се пишува исклучиво за културата, уметноста, образованието, едноставно животот без сензационализми и политика. И во тоа сеуште успешно опстојуваме.
Имавме објективни пехови. После нецела година кога почнавме да растеме дојде короната и во тој двегодишен период опстојувавме. Па дојде посткороната и веќе се сторија пет години, во кои си создадовме верна читателска публика.
Она што не успеавме да создадеме и матерјална сигурност на Порталот, па тој опстојува со упорноста и професионалноста на неколкумина искусни новинари и автори меѓу кои најупорна е Валентина Георгиевска-Парго – уредник на Порталот а и Филип Димкоски кој направи и одржуваше многу рубрики.
Сега како понатаму?
Досега храбро чекоревме сами без матерјална поддршка ни најминимална и никогаш не признавме дека имаме потреба од помош. Но, нештата мора да се менуваат па и ние.
Како Маркетиншки да го насочиме Порталот за да опстане и се развие во поквалитетна насока? Прашањето е сега!
Секоја помош во било која форма е добредојдена.
Ве очекуваме!
М-р Татјана Гогоска
основач и главен и одговорен уредник на КулАрт.мк