За македонскиот филм „Господ постои името и е Петрунија„ отворени фестивалските врати низ светот

Во месец  јуни филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ ќе биде прикажан на  седум фестивали низ целиот свет.

Како што соопштува продукцијата Митевски, филмот ќе започне со проекција на Кино Изола во Словенија, пропратено со предавањето од Данијел Хочевар, ко-продуцентот на филмот, за начинот на кој е создаден филмот со пет земји во копродукција.

-После тоа Петрунија продолжува во Арт Филмскиот Фестивал во Словачка од 14 до 22 јуни.
– На престижниот Сиднеј Филмскиот фестивал заедно со австралиски дистибутер ќе биде прикажан на 14 и 15 јуни во конкуренција со мајсторите на денешната кинематографија како најновиот филм на Алмодовар и Канскиот победник Паразит.

-На 29 јуни филмот ќе биде прикажен на Еденбург Филмскиот фестивал.
-Филмот ќе биде прикажан на Брисел на Интернационалниот филмски фестивал на 28 и 29 јуни во главната конкуренција,

-Во јуни на фестивалот во Германија во Манхајм, а во јули и август во кино дистибуцијата во Белгија.

-Исто така во јуни месец Петрунија ќе биде и дел од најголемиот, 21 по ред, студенски фестивал во светот во Тел Ави.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.