Не е дозволен влез на македонски државјани во Црна Гора, бидејќи во моментов Македонија не го исполнува клучниот критериум за влез на странски државјани, а тоа е бројот на активни случаи на коронавирус во земјата на која е државјанин тој што влегува во Црна Гора, да е помал од 25 на 100.000 жители.
Врз основа на одлука на НКТ, списокот на држави кои го исполнуваат горниот критериум и чии државјани може да влезат во Црна Гора без мерки за карантин и самоизолација, се ажурира на неделно ниво, односно секој петок, од страна на Институтот за јавно здравје на Црна Гора.
На државјани на Македонија, односно на сите лица кои имаат регулиран привремен или постојан престој во Црна Гора, а кои влегуваат во Црна Гора од држава во која е потврден процент на активни случаи заболени од корона вирус од 25 на 100 000 жители или поголема, им се опредлува мерка самоизолација или карантин во времетраење од 14 дена. На лицата кај кои во времетраење на карантинот, ПЦР тестирањето ќе покаже негативни резултати на корона вирусот, мерката самоизолација и карантин им се укунува по 14 –от ден.
Според усни информации од МНР на Црна Гора, дозволен е влез на државјаните на Република Македонија, кои доаѓаат од некоја од Европските или други држави, чиј што процент на активни случаи заболени од корона вирус е помал од 25 на 100 000 жители, при што треба да имаат доказ за регулиран привремен или стален престој. При влезот во Црна Гора, македонските државјани на кои им е дозволен влезот, немаат обврска од приложување ПЦР тест.
Исклучок од забраната не е можен (и на дипломатите при влезот во Црна Гора им се определува мерка самоизолација). Камионскиот превоз на стоката за потребите на Црна Гора, како и транзитот на стоката останува непречен, со посебни мерки на здравствен надзор, согласно со препораките на ИЈЗЦГ.
Доколку македонски државјани имаат потреба од лекување или патување од хуманитарни причини, секој случај се разгледува поодделно од страна на НКТ, по претходно уредно доставено барење до истото.
Правила за транзит на нашите државјани:
Донесена е одлука да се овозможи вонлинијски сообраќај со државите во кои стапката на активни случаи на корона вирус е помала од 25 на 100.000 жители, со тоа што овој превоз подразбира однапред определени групи на патници и исклучува попатно влегување и излегување на патниците, односно патниците мора да се превезуваат од местото на поаѓање (местото на влез во Црна Гора) директно до местото кое е цел на патувањето.
Се овозможува и транзит на луѓе и стоки преку територијата на Црна Гора, со државите во кои стапката на активни случаи на корона вирус е над 25 на 100.000 жители, без можност за влез и излез на патници во Црна Гора. Вработените и патниците во возилата за јавен превоз (авиони, автобуси, комбиња, такси возила) обврзани се да носат заштитни маски.