На изборот за World Next Top Model 2022, што неодамна се одржа во Бејрут, Либан, сите наши четири претставнички освоија титули, ленти, круни и други награди. Мија Стерјовска, Ана Брзанова, Катарина Јовановска и Ива Пеева се девојките, сите членки во Модното студио “Црнокрак” , кое ја поседува лиценца за нашата држава за овој интернационален избор за модели кој секоја година традиционално се одржува во Бејрут.
“На изборот учествуваа преку 40 девојки од целиот свет и навистина ова претставува огромен успех за Македонија и Модното студио” Црнокрак”, пресреќни сме сите”, изјави Светлана Црнокрак, која заедно со сопругот Мики е сопственичка на ова наше модно студио.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.