Вредно културно наследство -Скопскиот аквадукт оставен на немилост и уништување

Скопскиот Аквадукт кој се наоѓа на 2 км северозападно од Скопје, односно во село Визбегово, веќе подолго време е оставен на пропаѓање и немилост и уништување од страна на засега непознати сторители. Досега се оштетени 10 столба, кој е изграден во времето на Римската империја и во различни историски периоди служел како вештачки водовод.Овој водовод бил во употреба до 18 век и е единствен од тој вид во земјава. Сличен ваков споменик се наоѓа во Сплит, Хрватска и еден во Црна Гора.

Скопскиот аквадукт 6. век-градба

 

Од Министерството за култура го осудуваат вандалскиот чин на аквадуктот. Од таму велат дека овој споменик е дел од културното наследство и како таков е заштитен.„Во соработка со Управата за заштита на културното наследство, Конзерваторскиот центар –Скопје Општина Карпош и Министерството за култура, по извршениот увид преземени се итни мерки за превентивна заштита и се обезбедени засилени патроли за безбедност на Аквадуктотот кој е заштитено културно наследство од прва категорија“, информираат од Министерството за култура.

Ќе дочека ли датум за реконструкција ова вредно архитектонско и археолошко дело кое е вредно за градот Скопје и Македонија.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.