Вози право, вози здраво- Спортска, рекреативна и забавна манифестација во Скопје

Организаторите на оваа спортска, рекреативнаи забавна манифестација ,насловена како Вози здраво,вози право е отворена за сите граѓани кои  сакаат низ центарот на Градот да ги возат своите велосипеди, ролерки, тротинети (електрични или обични), скироли и бебе колички да ни се приклучат на најмасовното возење по улиците ослободени од автомобили.
Настанот ќе се одржува на 08.06 сабота со СТАРТ од 17 часот од Порта Македонија и забава и лотарија на целта во Градскиот парк.

Редните броеви од регистрацијата учесниците ќе можат да ги подигнат од нашата i-bank store, филијала од 10 – 18ч секој ден од понеделник 03.06 до 08.06 најдоцна до 15 часот. Подигнување на редни броеви пред стартот НЕМА ДА биде овозможено. Побрзајте подигнете ги броевите најдоцна до 15 часот на 08.06.2019.

На целта во Градскиот парк, сите регистрирани учесници кои ги подигнале своите бројчиња и учествувале на трката ќе може да учествуваат во вредната лотарија и да се освежат со пијалок, сладолед или грицки.

За доброто расположение на присутните ќе се погрижат Скопски Грув, 5+ Фамилија  и Baskerfest како и водителите Марко и Цеце.


За сите учесници, покрај ВПВЗ репрезентацијата и вредната лотарија овојпат вклучува:
– 10 SPECIALIZED детски велосипеди
– 10 SPECIALIZED велосипеди за возрасни
– 10 GoPro Hero7 камери

Сабота, 8 јуни ден за забава и дружба во Градскиот парк и за сите оние кои нема да земат учество а ќе сакаат да бидат дел од овој настан.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.