Во НУ Народен театар Битола на 19 и 20 февруари ќе се одржи премиерата на претставата „НОЌТА КОГА ЈА УБИВ МЕСЕЧИНАТА“ во адапација и режија на Марјан Ѓорѓиевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев,костимографијата на Благој Мицевски акореографијата е на Валентино Апостоловски.
Во претставата играат : АЗ (човек од висока класа): Александар Копања, БУ (човек од средна класа) : Марјан Ѓорѓиевски, Просјакот: Валентин Светозарев, Инспициент: Димитар Михајловски
Текстот е според текстот „МОСТОТ“ од Лорен ван Велтер.
Мост. Точно на полноќ. Месечина и двајца самоубијци. Случајна или намерна средба? Двата лика застанати на работ на нивното постоење, ги отвораат суштествените прашања за смислата на тоа постоење.
Овој свет патува од психолошка реалност до апсурдна баналност, тој распон е огромен простор, дупка во која пропаѓате и копате во љубовните, семејните, општествените прашања со акцент на извитоперената слика на човекот денес. Капитализмот е на тест. Слободата и демократијата ги к злоупотребуваме, живееме во автоцензура и за предвреме се откажуваме од витинското битисување, осамени сме и изгубени трчајќи по лажните вредности. Кој е вистинскиот човек денес? Каков треба да биде? Колку маски ставаме да за да функционираме во изместената реалност, со ничкосани норми?
Стравот за смртта и стравот од тоа вистински да се живее.