Реномираниот џез мучичар, гитаристот Владимир Четкар и оваа година ќе ја почне со турнеја концерти низ САД на крајот на овој месец.
Според програмата, Четкар настапите низ САД со неговиот бенд ќе ги почнат со концертот во „Aretha’s Jazz Cafe“ во Детроит. Два дена подоцна ќе одржат концерт во „Skadarliya“ во Чикаго, на 5 февруари концерт во „BOP STOP“ клубот во Кливленд, а на 12 февруари концерт е закажан во њујоршкиот „Chelsea Table + Stage“ клуб. Мини турнејата низ САД ќе биде заокружена со концертот во „Norton Museum of Modern Art“ во Палм Бич на Флорида.
Инаку, пред заминувањето преку барата Четкар на 21 овој месец ќе одржи и концерт во „Епинал“ во Битола.
Владимир Четкар е дипломец на музичкиот Универзитет „Беркли“ во САД, каде има завршено студии по модерна продукција, аранжман и џез-гитара. Како уметник настапува соло, но соработува и со многу музичари.