Јагнешко со зеленчук
Потребни состојки: 1,5 кг јагнешки бут, 1,5 кг разен зеленчук по желба , 100 мл млеко, јајца, 100 мл масло, 50 г путер, 50 мл бело вино, сол, црн бибер, лук.
Подготвување:
Jагнешкото месо посолете го, ставете му црн бибер и наполнете го со лук. Прелијте го со маслото и со белото вино и печете го два часа на 180 степени, а потоа извадете го од плехот.
Подгответе го зеленчукот,ситно исецкани компири,ориз,грашак,морков,брокула , посолете ги и наредете ги во плехот во кој се печело јагнешкото. Прелијте ги со павлаката изматена со јајцата, млекото и истопениот путер. Печенето јагнешко ставете го врз зеленчукот е и вратете го во рерната уште малку.После ручекот не ја заборавајте велигденската слатка погача!
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.