Балетот во два чина „Жизел“ вечер ќе биде изведен на сцената на Македонската опера и балет.
Со музиката на францускиот композитор Адолф Адам, во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски, „Жизел“ е безвременска приказна за несреќна љубов.
Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска, диригент на претставата е Иван Еминовиќ, костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, а светло дизајн на Милчо Александров.
Во насловната улога ќе настапи примабалерината Мими Поп Алексова Атанасовска, во улогата на Алберт ќе настапи првенецот Васил Чичиашвили (Грузија), во улогата на Мирта – Ивана Коцевска, Хиларион – Игор Веланоски , селско па де де – Христина Наќевска и Ендру Кук (Англија).
Настапува оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.