Вечер на Скопско лето- Концерт на дувачки квинтет „Брасстет Скопје“

Во рамки на „Скопско лето“ вечер од 21 часот на плоштадот „Сквер Јадран“ концерт ќе има новиот дувачки квинтет „Брасстет Скопје“, формиран годинава од музичари со повеќегодишно искуство.

Членови на дувачкиот квинтет се: Александар Златески и Диме Танчев (труба), Горан Илијевски (тенор туба), Енис Мехмедов (тромбон) и Мицко Дамњановски (туба), а во составот е и Теодор Теодосиевски кој настапува на тапани. „Брастет Скопје“ претежно свират музика приспособена (аранжирана) за брас-квинтет со додадени ударни инструменти.

„Брасстет Скопје “ е нов, но одличен брас-состав од музичари кои со нивното повеќегодишно искуство од речиси сите сфери на музиката ќе се обидат да донесат добар звук, свежа програма и одлични настапи. Нивната тенденција е да се избегне стереотипна програма за ваков состав и да се доближи до публиката популарната музика, вклучувајќи и филмска музика и популарна класика, велат од  „Скопско лето“.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.