Грција од утре во 6 часот наутро ги затвора границите за српските државјани. Српските туристи кои веќе се наоѓаат Грција, која важи за популарна дестинација за одмор за Србите, ќе можат да ја напуштат земјата.
Ова веројатно ќе значи поголем прилив на српски туристи во Хрватска, бидејќи границите на Црна Гора со Србија се и натаму затворени.
Србија изминатава недела бележи голем пораст на заразени од коронавирус, а пред два дена беше најтешкиот ден од почетокот на епидемијата во земјата затоа што беа регистрирани дури 11 смртни случаи. Тоа беше истиот ден кога Македонија со три пати помал број на жители, бележеше 15 смртни случаи.
Дефинитивно реалноста, иако неприфатлива од народот, сепак мора да се почитува.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.