Универзитетот „Св Климент Охридски“ во Битола подготвува регионална универзитетска школа

????????????????????????????????????

Универзитетот „Св.Климент Охридски” во Битола со поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауер” од СР Германија и Вилфред Мартенс Центарот за европски студии од Брисел објавија повик за учество на студенти во Регионална универзитетска школа за „Надворешните актери и нивното влијание на регионалната безбедност и евро-интегративниот процес на Западен Балкан”.

Регионалната школа ќе се одржи онлајн и хибридно од 18 до 20 мај, а учество ќе земат професори и студенти од Македонија, Грција, Албанија и Србија.

Проектот ќе понуди размена, соработка и зајакнување на довербата меѓу наставниците, учениците и практичарите од земјите од регионот, а воедно ќе се испитаат тесните грла за соработка и координација. Настанот има образовни цели, со јасно дефинирани образовни резултати за студентите.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.