Уникатни и забавни традиции за прославувањето на Нова Година низ светот

    Додека величенствениот огномет го осветлува небото во целиот свет, многу уникатни традиции ги осветлуваат срцата на оние кои ја дочекуваат годината со единствени ритуали верувајќи дека во годината што доаѓа тоа ќе им донесе бериќет, среќа и здравје.

    Круг за богатство и просперитет

    Филипинците имаат интересна и секако вкусна традиција. Пречекувајќи ја годината нова тие јадат овошје, портокали, грозје, лубеница, јаболко, цитрон и друго. Обичајот е да се соберат 12 овошки по едно за секој месец од годината кои треба да бидат округлести затоа што се верува дека кругот носи богатство и просперитет. Филипинците исто така носат облека со точки за пречекот на годината и ги полнат џебовите со ситни тркалезни парички за да го исплатат доаѓањето на годината нова.

    Хартија преку прозор за оставање на старата година.

    Парчиња од хартија во форма на конфети летаат секоја година на 31 Декември околу ручек по улиците на Буенос Аирес . Позади овој обичај има верување дека Аргентинците со кинењето на сите документи и хартии на мали парчиња пред да заврши годината, минатото го оставаат позади и олеснети одат напред во новата година.  Но не лета од прозорите за Нова Година само ова, многу други латиноамерикански земји истураат кофи со вода, додека Јужноафриканците го фрлаат стариот мебел на улиците од голема висина.

    Со кршење до нови пријатели

    Ако сакаш да си создадеш нов пријател во Данска за следната година, тогаш треба да скршиш некој керамички сад од неговата врата. Обичајот вели дека тој што го прима подарокот следната година ќе има добра среќа, што поголем и поситен е купот од скршениот сад толку повеќе среќа ќе го следи во новата година. Данците исто така скокаат од столчиња на преодот во новата година за буквално да скокнат во годината што пристигнува. И една од задолжителните работи е гледање на обраќањето на кралицата по повод Нова Година.

    Од бизнис идеа до сакана традиција

    Нешто кое започнало пред еден век како изговор за шпанските производители на грозје да го продадат одвишокот кој им останал прераснало во сакана новогодишна традиција. Имено шпанците на прагот на новата година јадат грозје на секое отчукување на полноќ. 12 зрна грозје за 12 месеци добра среќа. Шпанците веруваат дека исполнувањето на традицијата ќе им донесе среќа преку целата година.

    Со оган во новата година

    Еквадаорците и викаат чао на новата година со палење на огромни кукли кои ја претставуваат старата година. Секоја фамилија изработува вакви страшила од хартија и стара облека, и како глава ставаат маска од некој цртан лик или некој политичар, и кога часовникот ќе чукне 12 тие ја палат оваа кукла за да ја испратат старата година на спиење. Еквадорците делат една традиција со своите соседи Колумбијците. Тие  на 31 Декември со еден куфер шетаат околу населбата во која живеат, претставувајќи ги сите патувања во кои ќе уживаат следната година.

    Со нова долна облека за Среќна Нова Година

    Аргентинците за ноќта на 31 Декември носат нова розева долна облека верувајќи дека тоа ќе им донесе среќа во љубовта. Но они не се единствени, традициите за долна облека во одредена боја е распространета низ целиот свет. Црвената долна облека во Турција лета од полиците по продавниците за време на Нова година. Во Мексико и Боливија жолтата боја се верува дека носи среќа, додека во Бразил белата е за богатство.

    Зборување со животните

    Романските фармери ја поминуваат Новата Година обидувајќи се да комуницираат со својот добиток, добра среќа е ако успеат во тоа. Чудните обичаи не завршуваат таму. Романците исто така фрлаат парички во реките за среќа а исто така и се облекуваат во кожа од мечка и пеат, свират и играат од врата до врата верувајќи дека така ќе го избркаат лошиот дух кој ќе остане во старата година.

    Имела под перница

    Слободните жени во Ирска прават малку повеќе од  дотерување за да си ја најдат својата сродна душа. Ирската традиција вели дека треба под перницата ноќта на Нова Година да сестави гранче од имела и да се изгори следното утро. Со овој обичај ќе привлече љубовна енергија следните 12 месеци. Друга интересна традиција е удирање на ѕидовите и вратите од својот дом со Божиќен леб за да се избркаат лошите духови.

     

    куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.