Утре на 28.04 во 12 часот од пред МОН, бројната група пред се на родители но и бројни граѓани ќе достават барања до Министерката за образование околу нејзините презентирани неразумни ставови за промени во образовниот процес. Во брањата ќе биде објавен денот за бојкот на наставата, како прво искажување на општото незадоволство и кој ќе се реализира со цел да се покаже сериозноста на овој горлив и горчлив проблем .
Иако, во меѓувреме МОН го повлече од Собраниска расправа, но само привремено заради некои дополнувања, новиот Закон за основно образование, кој според она што го презентираат одговорните удира во темелите на потребата од основно образование и воопшто образованието, како насушна потреба за просперитет на секоја држава, сепак големото незадоволство кај народот расте од ден на ден. Укинувањето на учебниците, дигитализацијата која повлекува други бројни проблеми кај децата е секако проблем кој го допира секој еден разумен човек во државата.
Во меѓувреме МОН пак излезе со соопштение во кое ги обвинува токму оние кои си ги бранат децата и нивната иднина, користејќи манипулативни и повторно ситнопартиски интереси.
Кога се работи за идните генерации, кои ја носат иднината на државата сите треба да се обединат.
М-р Татјана Гогоска
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.