ТВ Постер на “Зијан” во режија на Миле Грозданоски

Славната рок група “Зијан” од Гевгелија која постои 42 години и има издадено еден но култен албум “Низводно” во 1991 година, следната, 1992 година, има снимено и навистина мошне интересен ТВ постер за продукцијата на Македонската телевизија, кој ако го побарате на Јутјуб ќе ви дојде како вистинско освежување.

Во овој документарен “музички филм”, во режија на Миле Грозданоски, е сместена целата суштина на овој бенд и нивните најсилни антологиски хитови, кои се белег на тоа време минато, но по својата безвременска димензија и ден денес се свежи хитови и за постарите и за новите и за некои идни генерации.

Групата се подготвува за својот концерт во Младински културен центар, кој ќе следува на 7 ноември 2024 година, каде ќе стапне на оваа бина по цели 30 години.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.