„Татковината е во нашите срца“ – сложни и децата и возрасните

Денеска во Салонот на Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, на задоволство од многумина беше промовирана книгата „Татковина во детските срца“ во редакција и авторство на Марија Таушанска -Анастасовска, долгогодишен новинар и уредник на списaнието „Колибри“.

Во салата покрај децата, учесници во овој литературен проект учениците од ООУ „Јан Амос Коменски“, децата од Фестивалот „Златно славејче“ и маестралниот гајдаџија- ученикот Филип Атанаскоски од Кадино, се најдоа многу поети од првата генерација кои ја обележаа поезијата за деца во Македонија. Радоста на сите беше еднаква и сите беа едногласни во мислата дека „Татковината е во нашите срца“.

За книгата зборуваа двајцата рецензенти М-р Татјана Гогоска автор за деца и новинар и Елизабета Ивановиќ-психолог од ООУ “Јан Амос Кoменски”. Сето тоа дополнето со прекрасното водење на промоцијата на поетот Филип Димкоски, кој ги испочитува сите автори присутни во ова книга читајќи по еден стих, а воедно поздравувајќи ги и возрасните и најмладите.

 

Целиот амбиент беше дополнет со изложба на фотографии од Македонија од младата авторка Александра Донева, а убавите зборови за  изданието, ги дополни  и авторката Марија Таушанска-Анастасовска, која својата среќа за успешната финализација на проектот ја сподели со присутните.

 

 

Книгата е убаво четиво за генерациите и има своја уметничка, но пред се едукативна порака и затоа ќе ја продолжи својата мисија низ другите градови на нашата татковина Македонија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.