Ѕвезденото небо на Тоше – го нема повеќе

И овој петти октомври за жал нема да продолжи традицијата на манифестацијата „Ѕвездено небо за Тоше“, која порано на Градскиот Плоштад ја организираа неговите фановите. Тие, десет години по ред се собираа секој петти октомври на Плоштадот Македонија, и со своите мобилни телефони и запалки правеа ѕвездено небо, додека на видео бим одеа хитовите на Тоше.
Петти октомври како датум беше избран поради последниот концерт на Тоше, кој го одржа на тој датум во 2007 година, само 11 дена пред да отпатува во вечноста.
Намерно или не, згасна еуфоријата која владееше десеттина години по заминувањето на најомилениот балкански пејач и најголема македонска музичка легенда, останаа само хитовите, блескавите сеќавања на него и Градскиот стадион во Скопје, кој го носи неговото име.
За песната “Цреша” на последниот концерт на сцена рече дека му е биографска, затоа се смета за музичка химна на неговиот Живот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.