Вечерва во НУЦК АНТОН ПАНОВ- Струмица 20.10.2023, од 19.30 часот,нќе се отвори изложба на Зоран Лазаревски и Марија Чепишева.
Станува збор за заедничка изложба на татко и ќерка, и двајцата познати на полето на уметноста, и двајцата членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.
Чепишева стана бренд како современа ликовна уметница на графики, по бројните претставувања и најмногу по нејзината изложба “Три круга за да бидам таму”, одржана во април оваа година во галеријата на МКЦ.
Лазаревски е одамна познат графичар со бројни награди.
Неговата биографија вели :
ЗОРАН ЛАЗАРЕВСКИ, роден 29.07.1949 година во Скопје. Завршил Средно уметничко училиште ,,2 Август“ во Скопје 1969 година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград 1975 година, во класата на професор Марко Крсмановиќ, отсек ликовна графика.
Член на ДЛУМ ОД 1976 година.
Самостојно изложувал на повеќе места, Скопје, Струга, Струмица и др. Учествувал на сите групни изложби кој ги организирал ДЛУМ, како и излагања надвор од земјата.
Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои наградата ,, Графика на Белградскиот круг“ 1976 година, Признание на ,,Ликовни средби“ во Суботица истата година, откупна награда на Музејот на современата уметност ,,Млада генерација 77“ , повеќе откупни градски награди од општински и републички карактер, како и награда на библиотеката ,,Св. Климент Охридски“ и ,,ДЛУМ-цртеж“ во 1992 година. Од 1975 до 2013 година е ликовен уредник на весникот Нова Македонија и добитник е на специјална награда по повод 60 години на весникот Нова Македонија за дизајн опрема на весници, книги, монографии, плакати, брошури и секаков вид на дизајн…
МАРИЈА ЧЕПИШЕВА
Да потсетиме и на нејзината биографија: Марија Чепишева, родена Лазаревска, е родена на 17.06.1975 година во Скопје. Завршила средно уметничко во ДСУЛУД Лазар Личеновки, Скопје во 1993 година, на отсекот графика и графички техники, под менторство на професор Ѓорѓи Чулаковски- Џото и професор Илинка Глигорова.
– 1999 година, завршена Ликовна Акдемија во Скопје, во класата на професор Димитар Малиданов (графика) и (графички дизајн) професор Костадин Танчев – Динка.
-март 2022 година Запишани постдилломски студии на Факултет за ликовни уметности – Скопје, под менторство на академик проф д-р Фехим Хусковиќ.
*Член на ДЛУМ од 1999 година
*Добитничка на големата графичка награда на ДЛУМ во 1999 година
*Отлупна награда на Библиотеката Климент Охридски во 1999 година
Учество на голем број изложби во земјата и странство.
Последни учества на изложби:
-2022- III Convocatoria Internacional de Arte Postal -DE CORAZÓN / III International Mail Art Call – FROM THE HEART
-2022- Самостојна изложба на Факултет за ликовни уметности, Скопје
-2023- Поместени граници- организирано од ДЛУМ во Дом на АРМ
-2023- The International Mail Art Call- DEJANDO HUELLA – LEAVING A MARK