Среда во Кинотека-Сценаристичка лабараторија

Нов проект на Кинотеката , насловен како Сценаристичка лабараторија во која секоја среда од 19 часот ќе се прави  анализа на драмската структура на 12 филмски класици. Гостите и учесници ќе имаат можност одблиску да се запознаат со вештините, елементите, и техники на пишувањето на сценарио како занает.

Од идеја, експозиција, главна тензија, кулминација, резолуција, конфликт, протагонист и цел, па сè до перипетии, засадување и исплата, драмска иронија, создавање тензија, активност наспроти акција, рекламирање на иднината итн., се само дел од драматуршките инструменти кои ќе бидат честа тема на овој интерактивен настан, соопшти Кинотеката.

Оваа среда (3 април) во сценаристичката лабораторија ќе биде анализиран филмот „Секс, лаги и видеоленти“ по сценарио и режија на Стивен Содерберг од 1989 година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.