По објавениот Конкурс од нашиот Портал, за избор на три дела на кои ќе им организираме промоција, се пријавија девет автори. Тимот на Куларт ги одбра следните дела, раководејќи се со целта заради која беше и објавен Конкурсот, да се прошири кругот на автори и да дадеме можност на автори од различни средини, возрасни групи и литературни определби.
На 13-ти септември во 19 часот во Бифе Тафталиџе ќе бидат промовирани книгите
- Збирка поезија “Алтани и други“ од авторот Александар Михајловиќ, поет од Гостивар.
- Романот „Последната книга на планетата Земја“, од Филип Петровски, автор од Куманово
- Збирка поезија за деца “Брзозборливо“ од Снежана Паноска, автор од Прилеп
Поради содржината на книгата, романот „Бојана на Тодор „ од авторката Божана Тренческа , одлучивме да го промовираме на следната манифестација, што ќе се одржи во рамки на проектот „Звуците на чаршијата„ на 16-ти август во Старата Скопска чаршија.
Промотор на книгите и модератор на настанот ќе биде М-р Татјана Гогоска, новинар и автор.
Сите автори ќе бидат контактирани од нашата редакција после вторник 3-ти септември.