Режисерот Полански со тужба против Американската Академија за филмски уметности

Дека светот на филсмката индустрија и шоу бизнисот не можат без некакви скандали и процеси за долго, докажува и најновиoт потег на  Роман Полански, Француско-полскиот режисер кој поднесе тужба против Американската Академијата за филм, која ги доделува престижните Оскари. Тужбата ја поднел со претходно негово исклучување од институцијата, кое се случило пред една година во екот на движењето #И Јас (Me Too).

Американската Академија за филмски уметности и науки на 3. мај 2018 година соопшти дека Полански и Бил Козби ги исклучува од членството, затоа што двајцата биле обвинети за сексуални злоставувања.

Академија тогаш ја образложи својата одлука на едноставен начин : „Академијата сака нов кодекс за однесување на своите членови предизвикано и од  избувнувањето на сексуалниот скандал со холивудскиот продуцент Харви Вајнстин.“

Режисерот Полански , во саботата поднел тужба во која се наведува дека пред одлуката која му била испратена по пошта со назнака дека веднаш стапува во сила, требало да претходи „разумно објаснување“ за таква мерка и на режисерот да му се даде шанса да изнесе свој став за тоа, изјавуваат неговите адвокати.

Останува д аго видиме исходот на овој процес, во кој оштетениот режисер Роман Полански е скоро половина век во Европската и светската филмска индустрија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.