Преродбата на плочите веќе трета година се празнува и во Македонија во организација на МКЦ. Па така в сабота (28 септември) во МКЦ од 14 до 02 часот ќе се одржи третата винил-конвенција „Skopje Vinyl Convention“ на која ќе учествуваат 50-ина диџеи и 40-ина плочари, колекционери и препродавачи (дилери) од Балканот. Настанот во соработка со МКЦ го организира „Фанки фреш“ – здружение на диџеите Чваре (Мартин Христовски) и Гоце (Гоце Трпков) кои никогаш не се откажале да пуштаат музика од плочи.
Ако имате грамофон во подрум, може да го подготвите за музика зашто плочите се враќаат на голема врата. Тоа не го кажуваат само пасионираните приврзаници на винилот и колекционерите, за кои тие никогаш не ни излегле од мода, туку го потврдува и статистиката. Продажбата расте во последните пет-шест години во светот и годинава првпат од 1986 има повеќе продадени грамофонски плочи отколку продадени цедиња.
Според средногодишниот извештај кој Американската асоцијација на индустријата за снимање (RIAA-Recording Industry Association of America’s) го објави овој месец, а го пренесе музичкото списание „Ролинг стоун“, винилните изданија во првата половина од годинава заработиле 224,1 милиони долари со продадени 8,6 милиони примероци. Во првите шест месеци од 2019 приходите од винил пораснале за 12,9 проценти, а приходите од компакт-дискови стагнирале. Со „воскреснувањето“ на плочите, тренд во светот е и реобјавување албуми на класичните рок-групи, а најпродавани се плочите на „Битлси“.
Посебна страст им се малите 45-ки, сингл-плочи со пречник од 7 инчи. Горди се дека годинава токму тие снимија мала плоча што во земјава не се случило цели 28 години т.е. од септември 1991 кога „Ластовица“ (Роберт Саздов и Владо Јаневски) ја сними „Ќути живти се“ (песна и инструментална верзија). Нивната плоча е печатена во Германија, наменета е за диџеи и содржи две модифицирани верзии на песни од американски изведув
Претходните две винил-конвенции имале доста посетители ,исто во организација на МКЦ. Минатата година многумина, дошле и пред планираниот почеток зашто сакале да си најдат некоја плоча пред некој друг да ја купи.
Познавачите на плочите како носачи на звук велат дека тие имаат свои слабости – лимитирани се во однос на фреквенции, осетливи за транспорт и чување, не може да се пуштаат во автомобил… и тоа се некои од причините што некаде од 1985 излегуваат од мејнстримот, отстапувајќи им го местото на попрактичните компакт-дискови кои давале совршен звук. Но ,сепак се предизвик за виситнските љубители на музиката и на колекционерите.
–