Репортажа за Гетеборг-„Тука ќе лежи градот“, рекол шведскиот крал Густав Адолф II во 1603-та година

Од Axt — сопствено дело, Јавна сопственост, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=4255604

Гетеборг е втор по големина и значење град во Шведска, и  средиште на југозападниот дел од државата. Градот има големо значење и надвор од границите на државата, па се смета за петти по значење град во Нордиските земји. Гетеборг истовремено е една од општините во рамките на округот Веста Јетланд. Поради многубројните канали со вода, реката Јете Олв, многумина овој град го нарекуваат „Венеција на Северот„ .

Гетеборг има околу 600.000 жители, а со поширокото градско опкружување има близу милион. Тој е космополитски град и културен, стопански и административен центар на Северна Европа.

Кога ќе решите да прошетате по централното негово подрачје, ве обзема спокој на допирот со историјата на овој град, долга веќе пет века од денот кога Шведскиот Крал Густав Адолф II ја кажал неговата позната наредба:„Тука ќе лежи градот “ и го основал овој град. На тоа место се наоѓа неговиот споменик и Градската куќа.

Името на градот води потекло од името на старогерманското племе Готи. Од нив најнаред настанал називот на областа околу градот, Готска и реката на која се наоѓа градот Јете Олв.

Каде се наоѓа Гетеборг!

Гетеборг се наоѓа во југозападниот дел на Шведска и Скандинавскиот Полуостров. Има завидна местоположба затоа што се наоѓа на средина на патот помеѓу трите најблиски главни градови: од главниот град на Шведска ,Стокхолм на 470 км југозападно, од главниот град на Норвешка, Осло 290 км јужно и од главниот град на Данска, Копенхаген на 320 км.западно. Ваквата местоположба , излегувањето на море и достапноста на светот, со кој е поврзан и преку море, копно со фантастичен железнички и авто сообраќај, како и редовни авио линии ,Гетеборг комуницира лесно со светот.Тоа му дава можности да развива многу индустриски гранки, од кои населението може убаво да егзистира.

Какви придродни услови има Гетеборг?

Гетеборг се развил околу сливот на реката Јете Олв, која тука се влева во Северно море. Се развил од двете страни на реката, во не многу голема долина, која за брзо време се протворила во брегови. Затоа, градското подрачје е претежно бреговито, а надморската височина си движи од 0м до 60м.

Градот има претежно континентална клима, која е  под влијание на морето и крајните разгранети делови од топлата Голфска струја. Затоа зимите се благи, а летата се свежи во однос на дадената местоположба.

Гетеборг кој се развил на сливот на реката Јете Олв, како притока на езерото Ветерн во Северно море. Реката се влева во Категат, простран залив на Северно море. Сливот е широк, па имал одлики на природно пристаниште, што создало услови за развој на голем и значаен град.

Околу градот, се наоѓаат низа од мали острови. Тие се претежно каменити, но се наоѓаат близу до градот и имаат извонредни услови за спортови на вода. Тие се важни викенд-центри на градското население, кога има потреба од одмор. Тука Гетеборчаните се разалдуваат, забавуваат и дружат, обично во неделите кога е единствениот ден кога населението во цела Шведска паи тука си дава ден за целосен одмор.

Подрачјето на Гетеборг било населено уште во време на праисторијата!

Во 16 и 17 век, со ширење на границите на Шведска кон запад, придонесло за нејзин излез на брегот на Северно Море помеѓу Норвешка и Данска (тогаш во заедничко кралство). Како дадениот излаз се појавил во областа Гетеборг, положбата на градот станува извонредно поволна, како „прозор на Шведска кон запад“. Градот започнал да се гради 1603-тата година а завршил 1621 година.

Првите 50 години главна опасност за градот доаѓала од холандските надзорници. Во исто време Шведска се шири кон Северно Море, па градот веќе не е загрозен од блиските соседи. Потоа градот полека се развива во најголемо шведско пристаниште на Северното Море, а потоа и во голем град и центар на власта и културата.

Новото издигнување, Гетеборг го доживува во втората половина на 19 век со доаѓањето на индустријата и железниците. Ова благосостојба трае и ден денес.

До средината на 20 век Гетеборг го населувале исклучително етнички Швеѓани  Меѓутоа, со зголемувањето, населението на градот станало шарено. Според последните податоци околу 78% од населението се етнички Швеѓани, додека останатите се доселеници. Најстарата доселеничка група ја сочинуваат Финци(7%), а во последните години нив ги престигнале доселениците од  Иран (9%) и Ирак (8%). Се повеќе Гетеборг како и цела Шведска ја населуваат граѓани на Пакистан, Авганстан а во последните години од Сирија.

БОтаничка градина -Гетеброг една од најголемите во светот

Гетеборг е современ град, кој според стопанството е во врвот на Скандинавските градови па и Европските. Според некои е еден од најразвиените градови во светот. Индустријата има корени уште во преработка на риби и бродоградба. Кон крајот на 19 век дошло до современа индустријализација во градот. Иако денес индустријата не игра толку пресудна улога во градското стопанство како до пред неколку децении, таа и денес е доста присутна и високо развиена. Најважни компании се „Волво“, „Ериксон“, „СКФ.

Сообраќајот исто така е важен дел од градското стопанство.

Гетеборг веќе со векови е важно пристаниште на Шведска, а денес и најголемо во цела Скандинавија , како најблиско до Атлантик и Западна Европа. Покрај тоа, градот е и важен патен центар, раскрсница на повеќе патишта од Сокхолм, Осло и Копенхаген. На 30 км од градот се наоѓа и современ аеродром Ланветер.

Гетеборг, како и секој голем град, има низа од знаменитости, кои се неизоставен дел од градската култура, а во последните децении посебно се развиваат трговијата, услугите и туризмот, како и областа на банкарството и стручни услуги.

Градот има добро сочувано старо градско средиште, кое до почетокот на 19 век, било опкружено со ѕидини. И денес е сместено на вештачки настанатиот остров.

Што е вредно и треба да го посетите  доколку дојдете во овој град?

Градскиот соборен грам од првата половина на 19 век, Зградата на стариот суд од 1874-та година , Рибниот пазар, еден од симболите на градот,Операта на Гетеборг ,Универзитет во Гетеборг, основан при крајот на 19 век , денес еден од најголемите во Скандинавија ,Стадионот „Улеви“ кој воедно е најголем стадион во Скандинавија.

Јас го посетив Гетеборг пред 20-тина години и сеуште ми се живи чуствата од таа посета, убавотовозење по Каналите на реката Јете Олв, со прекранскиот брод „Падан “,посетата на Ботаничката градина, Градскиот совет, Гетербуршката Опера, главната улица и многубројните убавини во Гетеборг и околу него. Градот во меѓувреме расте, по малку го менува својот лик, ја менува својата етнографска структура, но верувам дека едно останува исто на овој град т.н Северна Венеција, а тоа е воздухот на спокој и убавина, кога и каде и да поминее низ него.

Репортажата ја забележа Татјана Гогоска -уредник на kulart.mk

Фото галерија- www.wikipedia.org и авторот на текстот

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.