Велат од најрана возраст с епрепознаваат децата кои во себе носат креативност з апишување,говорење и творење. Се препознаваат по првите кажани реченици, по првите научени песнички, после првите составени реченици.
Најважно е родителите пред се, но и наставниците таа креативност да ја препознаат негуваат заедно со детето и насочуваат. Таа е основата за севкупното изразување и образовен процес,затоа што без разлика со која професија ќе се занимаваат ,креативнот пишување и изразување- кое се движи по насоката -од идеја и имагинација до финална реализација .
Пишувањето постои од почетоците на самото создавање на луѓето во нивните првобитни заедници. Луѓето пишувале на ѕидовите од првобитните живеалишта сакајќи нешто да кажат или да остават некоја трага. Првите пишани знаци се симболите, кои биле кратки и со повеќе значења. Со самото појавување на зборот, јазикот се појавила потребата не само од користење на пишувањето за оставање на информации и траги туку и од описи кое доведуваат до креативен облик на изразување. Така што и првите симболи на ѕидовите луѓето ги украсувале за да искажат нешто повеќе.
Пишувањето е моќ а креативното пишување е моќ со повисока смисла и крајна цел. Креативното пишувањето е лично, затоа што ги изложува идеите на писателот како и неговата способност да управува со јазикот и стилот. Кога луѓето посакуваат да пишуваат?
Пишувањето може да биде интензивно затоа што така се изнесуваат длабоко скриените убедувања и мисли, и самото нивно пребарување низ мисловниот процес и запишување вади голема енергија надвор.
Овој чин на емотивност открива и голема сила кај „писателот“ почетник и го поттикнува кон понатамошно запишување на своите мисли, идеи и визуелни опсервации кои го тераат поривот за запишување да прејде во креативна сила.
Многу е важно да се забележи тоа што мисловно поминува низ главата и емоциите на хартија т.е. на компјутер во посебен фолдер за да не биде мисла која дошла и која некаде ќе се изгуби. Потоа треба, кога „писателот“ е сигурен во тоа што го напишал да го постави некаде да биде достапно за читателите за да може да добие фидбек т.е. знак дали е тоа добро или не, дали е корисно или не.
Обично за почетниците првиот филтер се препорачува да се нивните најблиски за потоа публиката како кружна алка да се шири.
Она што е важно во креативното пишување е дека „писателот“ треба да се фокусира на мислата која го води, и сознанието дека се што пишуваш мора да е напишано со цел. Развивањето на таа мисла, ти носи способност за правилно расудување за квалитетот на тоа што ќе го напишеш.
Како да почнеме мисловната имагинација да ја претвораме во креативен пишан збор?
Првиот чекор е да почнеме да пишуваме кратки, вистински и силни приказни Да се напише краток текст со тенденција да стане креативно четиво е поедноставно. Но, да се напише за тој текст да биде и силен, и привлечен за публиката е потешко.
Ако се држите до тезата дека најсилни се вистинските приказни, треба да се држите за таа насока но, да бидете свесни дека тоа што е вистинско и интересно за вас може да биде здодевно за другите што го читаат. Затоа тие кратки, вистински текстови треба да бидат силни, и емотивно и содржински.
Како да се напише кратка, вистинита и воедно интересна приказна?
Кога нашата нова идеја или имагинација од надворешната околина низ мисловниот процес ни создава порив тоа да го запишеме, најважно е нашиот ум и нашата свест постојано да е окупиран со таа мисла, слика или идеја дури и на потсвесно ниво.
Тука не станува збор за квалитетот на идејата или мислата, туку во довербата што самиот ќе ја изградиш во процесот на креативно пишување. Првиот знак дека си на добар пат за тоа да го направиш е мислата дека тоа тешко ќе го постигнеш.
Важно е да не си личност која нема идеи. Секоја личност која има идеи и желби е на пола пат тие да ги оствари дури кога е во прашање креативното изразување т.е. креативното пишување. Ако веруваш во себе и овој процес, ќе дојдеш до саканиот краен резултат.
Од каде да почнеме?
Имагинацијата ќе ни помогне да дојдеме на почетокот. Првиот чекор е да се замислиме како писател. Какви чувства таа мисла ќе предизвика? Дали силни, сигурни, убави, болни несигурни, …
Тоа што треба на секој почеток да ве води е мислата дека: ВИЕ/ТИ МОЖЕШ ТОА ДА ГО НАПРАВИШ и дека тоа што ќе го напишеш ќе биде вредно за објавување и интересно на читателската публика. Па почни/чнете.Со среќа!
И секако можете да ми пишете на меил gogoska.t2015@gmail. com и да закажете онлајн час за креативно пишување, преку апликацијата google.meet classroom /zoom, секој ден од понеделник до петок од 17-20 часот и сабота од 10-13 часот. Часовите траат 60 минути и се прилагодени и за деца и за возрасни.
М-р Татјана Гогоска, магистар по комуникациски науки, автор на книги, тв програми и драмски текстови