Распишан е конкурсот „Рациново признание“ за 2021

Општина Велес го распиша конкурс за наградата „Рациново признание“ за 2021 година. Се наградуваат прозни, литературни остварувања на автори од земјава објавени во периодот меѓу две манифестации, 2020/2021.

Делата се доставуваат во три примероци на адреса Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес со назнака – За конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2021 година, најдоцна до 25 мај 2021 година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.