Отворен е четвртиот по ред конкурс за краток расказ Бибер. Дела можат да праќаат авторки и автори кои пишуваат на македонски, босански, црногорски, хрватски, српски јазик или албански јазик .Авторите можат да се веќе афирмирани но и оние кои досега немаат објавувано.
Тема на конкурсот
Темата е проширена, како и претходниот пат. Покрај расказите кои го тематизираат помирувањето во контекст на наследството на војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, во предвид доаѓаат и раскази кои можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон намалување на омразата и разградување на предрасудите, антивоени раскази, раскази кои се бават со соочување со минатото, со разградување на сликата за непријателите, со сочуство за другите, храбри раскази кои се осмелуваат да одат во “непријателски” чевли, раскази кои ги поместуваат границите и ни отвораат пат да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите.
Конкурсот е отворен до 1. 12. 2020.
Авторите/ките на трите најдобри раскази ќе бидат наградени со парични награди.
Најмалку дваесет избрани дела ќе бидат објавени во повеќејазичен зборник.
Жирито го сочинуваат Татјана Громача, Антон Беришај и Селведин Авдиќ.
Конкурсот го организира тимот на Бибер со поддршка на Центарот за ненасилна акција Сараево-Белград.
Повеќе информации за условите на конкурсот и наградите можете да најдете на страницата на Бибер .