Македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија “ на Теона Стругар Митевска, на 62 Филмски фестивал во Пула, ја доби Златната Арена за најдобра режија.
Фестивалското жири едногласно и ја додели наградата на Теона Стугар Митевска, образложувајќи дека “прецизната препознатлива режисерска работа успева целосно да го вовлече гледачот во настаните, карактерите, случувањата и општествените околности во филмот “.
Ова е седма награда за филмот на меѓународната сцена, кој во мемонтов ги обиколува и кино салите во светот. Петрунија продолжува со својот фестивалски живот, и ќе биде присутна на девет фестивали низ целиот свет. После Пула, Петрунија го отвори филмскиот фестивал во Одеса, Украина. Филмот ќе биде прикажан на отварањето на „Мотовун“, Филмскиот фестивал во Хрватска, а потоа настапува во конкуренција на Авторскиот филмски фестивал во Србија, Кина и Нов Зеланд.

Во секој случај, заслужен голем успех на македонскиот филм „Господ постои името и е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар Митевска .
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.